Криптовалутите повторно летаат во небо: Биткоинот надмина 7.200 евра
Објавено на од во hi-tech & business
Цената на криптовалутите повторно летаат во небо, а вистинско лудило предизвикаa и приказните дека eBay би можел да воведе тргување со дигитални валути.
Bitkoin 1
Цените на биткоинот надминаа 7.200 евра, а само за една недела оваа валута доби речиси 2.000 евра поголема вредност.
Посетителите на Конзензус, тридневната конференција посветена на криптовалутите во организација на еден од најголемите медиуми во светот кој се занимава со дигитални пари и блокчеин, имаа прилика да видат и реклами на eBay, a се верува дека наскоро овој онлајн трговец ќе влезе во овој бизнис и ќе дозволи тргување со криптовалути.
Прифаќањето на криптовалутите од трговци како што еBay би бил голем чекор напред во идентификацијата на криптовалутите како алтернатива на еврото и доларот. Уште нема официјални соопштение за овој потег, но многумина сметаат дека е прашање на време кога ќе има официјална објава.
Високиот раст на криптовалутите ги изненади и најголемите познавачи, бидејќи ситуацијата на пазарот е далеку од розева. Минатата недела хакерски напад го намали прометот на најголемата светска криптоменувачница Binance.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×