Криптовалутите влегуваат во фудбалот
Објавено на од во hi-tech & business

football-cryptoСедум клубови на англиската Премиер Лига започнаа со тестирање на системи за криптовалути, за кои очекуваат брзо да го заменат традиционалниот начин на плаќање.
Тотенхем, Лестер, Њукасл, Саутемптон, Кардиф, Брајан и Кристал Палас отворија “дигитални паричници” на онлајн платформата за тргување.

Системот за плаќање базиран на криптовалути ќе им помогне на клубовите и во борбата против фалсификување и препродавање на билети и комерцијални стоки.
Учесниците во ова тестирање очекуваат дека транзицијата кон биткоин системот ќе овозможи уште потранспарентен трансфер пазар.

Компанијата која го лансираше ова тестирање “еТоrо”им платила на англиските клубови да го воведат биткоинот и да предизвикаат интерес и кај другите во фудбалската индустрија.
“Потпишавме договори за спонзорство, но наместо традиционалното плаќање во фунти, им плативме во биткоини. На нив е да одлучат како ќе ги искористат”, велат од “еТоrо”.

Главниот извршен директор на Тотенхем, Френ Џонс, рече дека клубот во Лондон е вклучен во овој процес затоа што е посветен на технологијата и иновациите, додека во Брајтон очекуваат тоа да им помогне подобро да го разберат вистинскиот потенцијал што оваа технологија ја нуди.
Криптовалутите немаат физичка форма, тие постојат само како компјутерски код и се лансирани со цел да се децентрализираат валутите.

Последниве неколку години милиони инвеститори купуваа биткоини, што доведе до значително зголемување на цената, а финансиските експерти сметаат дека крипто валутите се многу попрактични за тргување отколку традиционалните валути.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×