Кристално ѕвоно од Берзата за најтранспарентните компании
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во рамки на годишната конференција на Македонска берза, што се одржа на 4 овој месец, по 11 пат беше доделена наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентно котирано акционерско друштво.

И оваа година беа доделени награди на три друштва кои беа оценети како најтранспарентни во 2017 година.
Согласно оцените на Изборната комисија за најтранспарентните котирани друштва на Македонска берза за 2017 година се избраа: Алкалоид (прво место), Комерцијална банка (второ место) и Македонски Телеком (трето место).

При разгледувањето на транспарентноста и објавувањето на информации на котираните друштва преку СЕИ Нет, Кандидационата комисија ја имаше предвид нивната транспарентност во текот на претходната година, особено бројот на објавени известувања преку СЕИ Нет и нивниот квалитет, квалитетот на објавениот годишен извештај за работењето на друштвото, квалитетот на интернет страницата на компанијата и друго.

Категориите за оценување на најтранспарентни акционерски друштва котирани на Македонска берза се: изработка на годишен извештај на друштвото и неговиот квалитет, обем на информации на интернет страницата на друштвото, начин на комуникација на друштвото со јавноста и пазарните учесници како и квалитетот на објавените и јавно достапни информации.

Освен тоа, се доделија и три награди на компании според критериумите износ и број на трансакции на овластени пазарни учесници на пазарот на хартии од вредност и тоа, прво место за Илирика Инвестмент, второ за Комерцијална банка и трето за НЛБ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×