Кристијано Роналдо останува најплатен спортист
Објавено на од во lifestyle

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, втора година по ред е најдобро платен спортист во светот на листата на Форбс. Португалецот меѓу 1 јуни 2016 година и 1 јуни 2017, имал приходи од 93 милиони долари. Од платата на Роналдо дошле 58 милиони долари, а останатите 35 милиони се од рекламни договори.

LeBron James

Леброн Џејмс

Втор на листата на Форбс е ЕнБиЕи кошаркарот од Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, кој во споменатиот период имал приходи од 86,2 милиони долари, од кои 55 од рекламни договори.

lm

Лионел Меси

 

 

 

 

 

Лионел Меси од Барселона отстапил за една позиција, и сега е трет, со приходи од 80 милиони долари, при што може да се пофали со втора највисока годишна плата од 53 милиони.

Носителот на рекордните 14 Гренд Слем титули, Роџер Федерер, е на четврто место на листата на Форбс, со 64 милиони долари приходи. Федерер е број еден во светот според рекламни договори – 58 милиони.

Во првите пет е и Кевин Дурант од ЕнБеЕи тимот Голден Стејт Вориорс, со приходи од 60,6 милиони долари.

Во првите десет влегуваат и Рори Мекилрој (голф), Ендрју Лак (американски фудбал), Стив Кари и Џејмс Харден (ЕнБеЕи) и трикратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×