Кристин Лагард: Јавниот долг на рекордно високо ниво. Економскиот раст забавува!
Објавено на од во Профил

Lagarde-WEBКристин Лагард извршен директор на ММФ

Јавниот долг во развиените земји во светот порасна на највисоки ниво од Втората светска војна, бидејќи владите на тие земји се борат со низок економски раст и дефлација, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов извештај насловен објавен по повод на годишните пролетни средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

 

Јавниот долг во развиените земји, според Извештајот на ММФ, сега го надминува нивото забележано во текот на Големата депресија и се приближува до нивото од периодот после Втората светска војна. Во развиените држави, јавниот долг пораснал на над 1007% од БДП, а во Јапонија на речиси 250% од БДП.

“Развиените економии се соочени со тројна закана, во вид на низок економски раст, ниска инфлација и висок јавен долг”, се наведува во Извештајот на ММФ.

Земјите во развој се во подобра состојба, бидејќи нивниот долг се уште е под 50% од БДП, но нивните потреби константно растат и многу држави се соочени со големи предизвици, меѓу кои и значително високи буџетски дефицити.

“Развиените економии се соочени со тројна закана, во вид на низок економски раст, ниска инфлација и висок јавен долг”, се наведува во Извештајот на ММФ.

Темпото на задолжување на владите, како што се наведува е забрзано од финансиската криза и ќе продолжи да расте, бидејќи економските сили како Јапонија и Европа, заглибиле во многу ниски стапки на раст, додека многу земји во развој и сиромашни земји се соочени со пад на приходите од продажба на суровини, како нафта и метали. Поголемото задолжување им го отежнува на владите издвојувањето на пари за поттикнување на економски раст, оценува ММФ.

Задолженоста на земјите извознички на нафта, кои силно се погодени од падот на цените на суровата нафта, нагло расте со цел да се надомести загубата на приходи, се истакнува во Извештајот на ММФ.

Според нивната проценка, задолженоста на производителите на црно злато од земјите од Магреб и Блискиот исток во следните пет години се проценува да порасне за 2000 милијарди долари.

“Јавните финансии имаа тешка година. Се случува нова реалност”, заклучува Витор Гаспар, главен автор на извештајот кои предупредува на последиците на забавување на светската економија.

Јавниот долг во Јапонија се проценува годинава да достигне до 250 % од БДП, во Италија 133% од БДП, во САД 107% од БДП и нешто над 98% во Франција, предвидува ММФ.

ММФ уште еднаш ги повикува земјите членки да бидат подготвени за брза реакција како би поттикнале економскиот раст и би ја намалиле ранливоста која ги поттикнува нивните задолжувања, признавајќи сепак дека нивниот политички маневарски простор е многу стеснет.

“Изборниот календар и политичките блокади би можеле во 2016 година да ја отежнат примената на мерките и да ги забават амбициозните политики во некои големи економии”, заклучува ММФ.

ММФ по трет пат ја крати прогнозата за светскиот раст

ММФ е многу загрижен за состојбата во глобалната економија, заради што повторно ги намали проценките за растот. ММФ отворено уште еднаш ги повика земјите на итни акции на владите заради поттикнување на растот.

Во третото по ред намалување на прогнозите за раст во последните шест месеци, ММФ соопшти дека светската економија оваа година ќе оствари раст од 3,2%, што е за 0,2 процентни поени пониско во однос на проекциите од јануари.

Проценките за економскиот раст на европските земји во развој, во кој влегуваат Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Турција, Албанија и Косово, се зголемени на 3,5% за 2016 година од јануарските 3,1%, додека за 2017 година се прогнозира раст од 3,3%.

“Економските активности во овој регион имаа бенефит од ниските цени на нафтата и постепеното опоравување на еврозоната, но зголемениот корпоративен долг ги загрозува приватните инвестиции”, се вели во Извештајот на ММФ.


Brexit може да нанесе сериозна штета

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија може да предизвика сериозна регионална и глобална штета. Излегувањето на Британија од ЕУ или т.н Brexit ќе ги загрози постојните трговски односи и ќе нанесе големи предизвици и на Велика Британија и на остатокот од Европа, наведува ММФ, кој предупредува дека референдумот закажан за 23 јуни донесе неизвесност за инвеститорите и дека гласањето за излегување тоа дополнително ќе го зголеми. Во случај на референдумот да се изгласа излегување на Британија од ЕУ, ММФ очекува дека преговорите со Лондон ќе бидат долги, што би можело значително да влијае на инвестициите, посебно во време кога владее нестабилност на финансиските пазари.

Проценките на ММФ велат дека излезот на Британија од ЕУ би можело да ја чини британската економија и до 100 милијарди фунти и речиси милион изгубени работни места.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×