Кристин Лагард: “Ѕвездата“ во економијата доаѓа да прави реконструкција на европската финансиска архитектура
Објавено на од во Бизнис и политика

Key Speakers At The Bank Of England's "Independence - 20 Years On" Conference Кристин Лагард
нов претседател на Европска централна банка (ЕЦБ)

Со статус на “ѕвезда“ во економијата, досегашната шефица на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се сели од Вашингтон во Франкфурт да ја предводи една од трите најважни систематски централни банки во светот, Европската централна банка (ЕЦБ). Под нејзина палка ќе биде монетарната политика во еврозоната и стабилноста на единствената валута – еврото, а за да успее да ја води еврозоната, освен своите докажани квалитети коишто и помогнаа да се справи со една од најопасните финансиски кризи во Европа, сепак ќе и треба помош и од стручни експерти околу неа. Особено што, економистите како нејзин хендикеп го истакнуваат малото монетарно искуство, наспроти искуствата во водењето на фискална политика. Таа е првата жена на оваа позиција која што го наследува Марио Драги. Таа е и прв неекономист на чело на ЕЦБ, односно е адвокат по занимање, но за да го надмине недостатокот од формално академско образовно и искуство во централното банкарство, Лагард најверојатно ќе го повтори истиот концепт што добро и функционираше и во ММФ – да се опкружи со најстручни експерти како нејзини советници.

 

Со статус на “ѕвезда“ во економијата, досегашната шефица на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се сели од Вашингтон во Франкфурт да ја предводи една од трите најважни систематски централни банки во светот, Европската централна банка (ЕЦБ). Под нејзина палка ќе биде монетарната политика во еврозоната и стабилноста на единствената валута – еврото, а за да успее да ја води еврозоната, освен своите докажани квалитети коишто и помогнаа да се справи со една од најопасните финансиски кризи во Европа, сепак ќе и треба помош и од стручни експерти околу неа. Особено што, економистите како нејзин хендикеп го истакнуваат малото монетарно искуство, наспроти искуствата во водењето на фискална политика.
Со назначувањето на Лагард на најрепрезентативната економска позиција во Европа, европските лидери всушност направија неколку преседани. Прво, таа е првата жена на оваа позиција која што го наследува Марио Драги. Потоа, таа е прв неекономист на чело на ЕЦБ, односно е адвокат но за да го надмине недостатокот од формално академско образовно и искуство во централното банкарство, Лагард најверојатно ќе го повтори истиот концепт што добро и функционираше и во ММФ – да се опкружи со најстручни експерти како нејзини советници.
lagarde-trumpНо, долго и разнолико е нејзиното министерско искуство во Франција, почнувајќи од Министерството за трговија во 2005 година, па во 2007 година во Министерството за земјоделство, за потоа во екот на глобалната финансиска криза до 2011 година да го води Министерството за финансии. Последните осум години ги помина како извршен директор на ММФ справувајќи се добро со должничката криза во повеќе европски земји и Аргентина и спасувајќи ги од банкрот.
Токму ова длабоко јавно – приватно и комбинација од национално и меѓународно политичко искуство ја вбројува Лагард меѓу таканаречените “тешкаши“ во економијата, па и покрај повеќето критички коментари за нејзиното назначување на чело на ЕЦБ со изговори дека е потег само за да се задоволи францускиот претседател Емануел Макрон, сепак според најголем дел од познавачите таа е инспиративен избор којшто ветува многу.
Меѓутоа, несомнено ја чека тешка работа во Франкфурт. Некои од најголемите предизвици што ја чекаат се еродираната политичка флексибилност и ефикасност по многу години во кои ЕЦБ беше единствениот играч во однос на политиката; слабеењето на регионалната економија што ризикува повторно да влезе во период на анемичен раст, помалку стабилен регионален политички пејзаж за членките на еврозоната кои веќе се соочуваат со различни и комплицирани економски и финансиски услови; тешко глобално опкружување, вклучувајќи ги и трговските притисоци и технолошки пресврти.
epalivetwo470425Инвеститорите кои се задоволни од назначувањето на Кристин Лагард како претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), веројатно не се свесни за работата на Херкулес што ја чека, не само поради тесниот опсег за маневрирање туку и поради недовербата во инфлацијата. Од европската должничка криза, која избувна пред седум години, ЕЦБ не успеа да ја достигне целта на стапката на инфлација, а пазарот е скептичен и за во иднина.
Овој неуспех има економски трошоци. Тоа го отежнува намалувањето на реалните каматни стапки и спроведувањето на нови стимулативни мерки во случај на понатамошна економска криза. Уште полошо, веќе постои тенденција за самоодржлива ниска инфлација, а финансиските пазари се сомневаат во способноста на ЕЦБ да ја постигне својата цел и по 10 години. Тие сега се надеваат на просечна инфлација во еврозоната од само 1,3% во текот на следните пет до десет години – далеку под целта на ЕЦБ.
Затоа, новиот европски гувернер ќе мора да вложи напори да ја врати инфлацијата до посакуваните нивоа.
1556010729126.jpg--christine_lagarde__clamorosa_ammissione_sessuale___io_e_mio_marito___cosa_faccio_a_60_anni_На Европа и треба, пред сè, структурни реформи и контрацикличната фискална политика. Заедно со останатото ново раководство на клучните европски институции, за првпат ќе имаме луѓе на врвот на кои приоритет им е реформата на ЕУ и на еврозоната.
Марио Драги беше во право кога во неодамнешниот говор рече дека фискалната политика треба да одигра поголема улога. Една од причините зошто приносите на државните обврзници се толку ниски е недостигот на сигурни хартии од вредност. Иако тешко централните банкари да признаат, но тие не можат да ја завршат работата сами. И кој е подобар да ја започне оваа нова ера на фискална и монетарна координација од Лагард, поранешен шеф на ММФ и поранешен француски министер за финансии?!
Итен шифт на економската политика подразбира фискален стимул. Во идеален свет, Германија би требало да се ослободи од уставното правило кое ја обврзува земјата на постојани фискални суфицити. Но тоа, за жал, нема да се случи. Исто така, со симпатии се прифатени и фискалните планови на италијанската влада, иако не и од големината што во моментов се разгледува.
Пречките за реформата на еврозоната остануваат големи а се предводени од Холандија и нејзините сојузници кои се спротивставуваат на промените. Но, досега Макрон беше осамен во приоритизирањето на овие реформи а се чини дека сега има поголема поддршка откако успеа да ја добие Лагард на чело на ЕЦБ и да набави Германка по своја мерка како претседател на Комисијата.
Прашања во врска со нејзиното минато
Сепак, нејзиното минато може да биде причина за загриженост кај европските партнери.
Во 2008 и 2009 година, кога беше министер за економија и финансии, француската државна каса доживеа таканаречен грабеж преку измама со ДДВ на пазарот на јаглен. Помеѓу две и пет милијарди евра поминаа од касата на нејзиното министерство до оние на мафијата, без министерство дури и да реагира.
Таа тогаш беше одговорна за лошо раководење со правна работа, во која француската влада платила 400 милиони евра на бизнисменот Бернард Тапи.
Францускиот суд на правдата ја обвини за фалсификување и проневера на јавни средства во аферата Тапи. Иако избегна казна во 2016 година, таа сепак беше прогласена за виновна за небрежност во овој случај.
Во октомври 2012, додека беше шефица на ММФ во јавноста се објави и случајот со таканаречената Листа на Лагард. Всушност две години пред тоа, како тогашен министер за финансии на Франција, испратила листа до грчката влада со 1.991 имиња на грчки клиенти кои биле потенцијални даночни неплаќаќи со банкарски сметки во филијалата на ХСБЦ во Женева.
Грчки новинар тврдеше дека ја поседува листата и објави документ со повеќе од 2.000 имиња во своето списание Hot Doc. Тој веднаш беше уапсен под обвинение дека ги прекршил законите за приватност со можна казна затвор до две годинино подоцна беше ослободен.
Има и други потенцијални проблеми со нејзината кандидатура. Нејзиниот партнер Ксавиер Џоканти е бизнисмен од Корзика чие портфолио не е толку компатибилно со ЕЦБ. Меѓу неговите многубројни активности, тој беше претседател на здружение кое беше осудено од Европската канцеларија за борба против измами, ОЛАФ. Европската комисија подоцна го осуди за лошо управување со средствата, за што тој мораше да исплати еден милион евра.
Лагард за Македонија
Додека беше шефица на ММФ, Кристин Лагард во 2012 година за време на пролетните средби на Фондот и Светска банка во Вашингтон, во ексклузивно интервју за Капитал зборуваше за ризиците од финансиската криза во Грција и во цела Европа како потенцијална закана за Македонија.
Меѓу другите пораки што ги испрати од Вашингтон, истакна и дека земјите во развој мора да вложуваат во изградба на инфраструктурата и на тој начин да создадат услови за побрз економски развој.
„Јасно е дека земјите во развој во Југоисточна Европа, па дури и пошироко гледано, се изложени на одредени ризици што произлегуваат од европската криза. Затоа сметам дека е многу важно европските земји да го сторат тоа што го ветија, што значи да ги спроведат реформите што ќе овозможат фискална консолидација. Особено важно е европските влади да спроведат структурни реформи и да останат посветени на тоа. Секако дека Македонија е силно поврзана со целата еврозона, како што се впрочем поврзани и другите земји од Југоисточна Европа, така што врските меѓу нив се всушност главните ризици. Пред се мислам на трговската поврзаност меѓу себе, но и опасноста за прелевање на кризата преку банкарските канали. Како што знаете, има многу европски банкарски брендови кои што имаат сопствени подружници во овие земји и тоа се најопасните канали преку кои може да се прелеат негативните ефекти од еврозоната. Затоа исклучително важно во следниот период ќе биде еврозоната да остане посветена на спроведувањето на реформите, за да се избегне поголема економска криза“, изјави во април 2012 година Лагард.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×