Кризата е и удар и шанса за регионот!
Објавено на од во МАГАЗИН

politika-1Анализа на БиЕПАГ: Западен Балкан во време на пандемија

Клучни препораки за справување со кризата со КОВИД-19 во земјите на Западен Балкан и мерките преземени од владите се дел од опсежната анализа „Западен Балкан во време на пандемија“ на Советодавната група на Балканот во Европа (BiEPAG) чии што клучни поенти Капитал ги сумира и пренесува во овој број. 
Клучни препораки за справување со кризата со КОВИД-19 во земјите на Западен Балкан и мерките преземени од владите се дел од опсежната анализа „Западен Балкан во време на пандемија“ на Советодавната група на Балканот во Европа (BiEPAG) чии што клучни поенти Капитал ги сумира и пренесува во овој број. Експертите од Советодавната група на Балканот во Европа ја препознаваат пандемијата како критична крстосница, како криза што може трајно да ги потресе и институциите и општествата. Истражувајќи девет критични полиња, анализата на БиЕПАГ  ги истакнува начините на кои владите одговорија на пандемијата во областите:
1. Улогата на државата,
2.  Демократија и држава
3. Геополитички смени
4. Нов национализам
5. Социјална еластичност
6. Влијание врз животната средина
7. Миграција и здравствена заштита
8. Здравствена заштита и социјална сигурност, и
9. Економски импликации.

Во однос на сите критични полиња, студијата ги испитува влијанието и можните контури, ризици и можности пред да се идентификуваат специфични интервенции што можат да го спречат најлоши последици за чувствителниот регион.

politika-2Пандемијата не може да биде оправдување за суспензија на демократијата
Во клучните пораки од извештајот стои таа дека во својот итен одговор, ЕУ треба да ги вклучи сите земји од Западен Балкан во своите планови за помош без оглед на нивниот моментален статус во процесот на пристапни разговори. Целосното вклучување на регионот е од суштинско значење за да се спречат сериозни економски последици и да се овозможи геополитичкиот напредок. Притоа, поддршката за надминување на пост-кризниот економски и социјален план треба да биде условена од мерките за намалување на заробувањето на државата.
Токму во оваа насока се движи и забелешката дека пандемијата не може да биде изговор за неограничено суспендирање на демократијата и дека ограничувањата на граѓанските слободи мора да бидат привремени, пропорционални и транспарентни и затоа треба да се идентификуваат и следат ограничувањата во врска со демократските институции и граѓанските слободи кои се дозволени за време на вонредна состојба на Западен Балкан.
Во анализата исто така се вели дека еколошката криза во регионот нема да биде решена, без разлика на комбинацијата на намален сообраќај за време на карантин. Нивоата на загадување на воздухот ја отворија повторно итноста на одлучувачко дејствување при регулирање на тешката индустрија: многу големи фабрики продолжуваат да ги кршат еколошките стандарди и да го загрозуваат здравјето на граѓаните.
За решавање на економските и социјалните последици, владите треба да ги поддржат малите и средни претпријатија и истовремено да обезбедат снабдување со храна за ранливите групи. Постои краткорочна и долгорочна потреба за подобрување на квалитетот на болниците во однос на опрема, соодветна набавка на лекови и намалување на пренатрупаноста на акутни болнички одделенија, заедно со покачување на платите во болничкиот персонал за да се обезбеди нивно задржување. А потребен е и заеднички пристап на владите и земјите членки на ЕУ за решавање на недостиг на медицинскиот персонал поради иселувањето од регионот, што става дополнителен притисок врз здравствената заштита. Треба да им се овозможи пристап до ранливите групи и воопшто – внимателна мешавина на краткорочни и долгорочни мерки за да се спречи пандемијата да се претвори во трајна катастрофа за Западен Балкан, се вели во анализата.
Криза како крстопат
Кризата исто така даде и поголема видливост на многу структурни слабости во регионот, од слабата здравствена заштита и здравствени системи, ниската доверба во државата, слабата демократија и тенденциите кон заробување на државата, но истовремено и будење на граѓанската свест и зголемена солидарност меѓу граѓаните.
Потребно е да се стави фокусот на вниманието на слабостите за да може да се помогне во справувањето со нив и градењето на поотпорни општества.
Оваа анализа ја утврдува пандемијата COVID-19 како критична крстосница и како криза што може трајно да ги разниша институциите и општествата.
Има значителни опасности од влијанието на пандемијата врз човечките животи,почнувајќи од економска криза која може да се покаже како полоша од таа во 2008/9 година, до засилена криза на демократијата и геополитичка промена.
politika-2-1Интеграцијата мора да продолжи
Март 2020 година можеше да биде добар месец за Западен Балкан, се вели во делот посветен на европските перспективи на регионот.
Одложувајќи ја одлуката повеќе од една и пол година, членките на ЕУ го осветлија почетокот на разговорите за пристапување со Албанија и Северна Македонија. Само неколку дена подоцна Северна Македонија влезе во НАТО како 30-та членка.
„Ниту еден месец во последните години не би понудил толку надеж дека моќната врска кон реформи и евроатлантските интеграции е жива. Сепак, овие достигнувања што дојде по долгогодишно чекање, особено за Северна Македонија беа засенети од глобалната пандемија.
Границите се затворени, економиите пропаднаа, вонредни состојби беа воведени во сите земји, официјално или де факто, граѓаните се во карантин, изборите се одложени и пандемијата претставува истовремено и смртоносна закана за луѓето во Западен Балкан, како и на друго место во светот. Притоа, времетраењето и должината на вонредната состојба останува непозната. Сепак, јасно е дека брзо враќање на статусот пред пандемијата не е веројатно.“
Како што се истакнува во оваа анализа, потенцијалните последици за државните ресурси, особено за системите за здравствена заштита кои се кревки и не се во состојба да се справат со појавата на КОВИД-19. можат да бидат катастрофални, особено ако се има предвид какви беа последиците врз здравствените системи на Италија, Шпанија или Франција, што се многу подобро опремени.
Демократиите се слаби и институциите кршливи и со тоа претставуваат ризик за да не можат да се опорават брзо од преземени итни мерки во целиот регион. Самитот за Западен Балкан-ЕУ планиран за мај 2020 година под покровителство на хрватското претседателство
Нема единствен исход од пандемијата и се’ зависи од тоа какви чекори сега преземаат владите и другите релевантни актери, како што е ЕУ, со цел да се избегне најлошо сценарио.
Предвидувањето на иднината е секогаш ризичен потфат за научници и аналитичари, а особено во моменти на глобален шок. Не знаеме колку ќе трае сегашната состојба, ниту што ќе биде исходот, па наместо да го предвидуваме исходот, ние ќе прикажеме критички полиња и спротивставени и конкурентни трендови кои станаа видливи во текот на кризата во последните неколку недели, се вели во анализата.
ЕУ да го вклучи регионот во своите програми за помош
Високо на препораките до ЕУ котира онаа во која се предлага продолжување на процесот на интеграција преку новата методологија, оти официјално одобрување за отворање преговори испрати силен сигнал и следните чекори треба да одат во иста насока.
„ЕУ исто така треба да ги вклучи земјите од СБ во своите планови за обновување по пандемијата, со предлагање на дополнителни средства за ублажување на економските и социјалните последици од пандемијата во земјите, а Фондот за солидарност треба да биде достапен за сите“
Понатаму, се предлага сите идни планови на ЕУ да ја подобрат координацијата за итни случаи и ситуации предизвикани од пандемија и треба да ги вклучат властите од јавното здравство од земјите на ЗБ со што ќе се зајакне кредибилитет на интеграцијата, воопшто.
ЕУ исто така треба да продолжи да бара поголема транспарентност во билатералните договори меѓу земјите од ЗБ и кинеските компании, како и примена на правилата на ЕУ кои регулираат набавки и државна помош. Покрај тоа, треба да ја подобри и размената на информации и да ја разгледа употребата на „хај-тек“ кинеска опрема што може да се користи за контрола на граѓаните или загрозување на нивните слободи и права.
Рецесијата е неминовна, требаат заеднички чекори
Во анализата се наведува дека Северна Македонија, закрепнала во индустријата на производството преку нови работни места и дека пандемијата на вирусот нагло го запрела тој тренд, така што се предвидува рецесија за 2020 година, според некои процени односно пад на БДП од 3-5%.
Може да се земе предвид дека глобалните последици зависат од два фактори.
Прво, од капацитетот на здравствените системи да се справат со ситуацијата и второ, од состојбата на јавните финансии на земјите (а со тоа и нивните можности) да се обезбеди поддршка на работниците и компаниите за време на кризата).
Од двете основи, изгледите за Западен Балкан не се многу оптимистички.
Клучни интервенции кои се предлагаат во ова поле се:
• Владите да обезбедат поддршка за ликвидност на малите и средни претпријатија
• Владите мора да организираат снабдување со храна за сиромашните и старите лица
• Треба да се преземат мерки за поддршка на мигрантите кои се враќаат, особено на оние коишто ги загубија своите работни места во ЕУ, како и на оние што се вратија во текот на почетните фази на пандемија.
• Сите шест земји од Западен Балкан мора да бидат вклучени во механизмите за помошта на ЕУ за решавање на економските последици од пандемијата.

ficernestorovicПогрешното информирање ја уништува довербата во институциите

„Земјите се поплавени од теории на заговор и лажни вести, преку мејнстрим и социјални медиуми, внесувајќи страв, гласини и предрасуди.
Медиумите контролирани од Владата во Србија, како Курир и Информатор сеат паника и ја влошуваат ситуацијата.
Ширењето на паника и лажни вести е силно распространето и во Босна и Херцеговина како што забележуваат претставниците на ОБСЕ. Дефицитот на доверливи и точни информации, комбинирани со неодговорни изјави на владини претставници, додава на колективниот стрес и ја уништува довербата во државата.
На пример, Бранимир Несторовиќ, доктор и член на работната група за борба против ширењето на пандемијата, кон крајот на Февруари во Србија порача дека коронавирусот е најсмешниот вирус на светот и дека жените комотно можат да си одат на шопинг во Италија на прес-конференција заедно со српскиот претседател. Неколку медиуми во регионот шират тврдења дека населението ќе стекне колективен генетски имунитет или промовираат лажни лекови.
Од друга страна, владите ги злоупотребија овластувањата за вонредни состојби за да се спасат од критика, како што е прикажано на пример со апсењето на новинарката Ана Лалиќ која ја критикуваше подготвеноста на здравствениот систем во Војводина. Таа беше брзо ослободена, но ова ги потенцираше опасностите од реакција на државата и кон реалните и кон наводно лажните вести.
Погрешно известување, вклучително и од медиуми блиски до владите, како и погрешни изјави од самите влади, ја еродираа општествената доверба, вклучително и довербата на граѓаните во државата. Како резултат, некои граѓани несериозно ги примија препорачаните мерки за заклучување и карантин.
Надворешните фактори, вклучително и ЕУ, не можат да ги учат владите на Западен Балкан како искрено да се грижат за своите граѓани, но можат да направат напор да ги поддржат столбовите на довербата, медиумите, јавните здравствени услуги и економијата, оти има начини како да се зајакнат државите во време на кризи, без тоа да резултира со целосен авторитаризам’, се вели во анализата.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×