Кризата помеѓу Британија и ЕУ како пред Втората светска војна
Објавено на од во Политика
Професорот по меѓународна политика во Бирмингем Скот Лукас вели дека сегашната катастрофа со Брегзитот со која се соочуваат Британија и Унијата е поголема од Втората светска војна, поголема од кризата во Суец во 1956 година и од војната во Ирак во 2003 година, анализира РСЕ.
Brexit challenge conceptПуч, длабока политичка криза, економска рецесија. Ова се главните оценки во Британија откако кралицата Елизабета Втора го одобри барањето на премиерот Борис Џонсон за прекинување на работата на парламентот. Овој потег беше очекуван по договорот на опозициските партии да го спречат излегувањето на Британија од ЕУ без договор.
Демонстранти се собраа пред британскиот парламент, извикувајќи слогани со кои се осудува премиерот Борис Џонсон, откако неговото барање за прекинување на работата на парламентот беше одобрено од кралицата Елизабета Втора.
Според нив, целта на Џонсон е да им даде на своите политички противници помалку време да го блокираат Брегзитот без договор пред крајниот рок за излегување на Британија од Европската унија на 31 октомври.
Британските пратеници, од кои многу се на одмор, реагираа бесно на потегот на премиерот.
Лидерот на главната опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин упати и протест до кралицата.
Но, таа одби да се инволвира, бидејќи, како што е соопштено, „кралицата еполитички неутрална и за политичките прашања дејствува само по совет на нејзината влада“.
Според европратеникот Скот Ајнсли, станува збор за пуч кој мора да биде спречен.
„Мислам дека кралицата е ставена во многу тешка позиција. Таа е позната како монарх кој ги почитува желбите на премиерот, но овој премиер нема мандат. Знаете, 0,19 насто од населението дозволи овој нов премиер да го заземе своето место“.
Но, има и такви кои го бранат потегот на Џонсон, оценувајќи дека со тоа се прави обид за спречување на „парламентарниот бунт“ против волјата на народот. Еден од нив е и Џек.
„Потребна е суспензија. Она што во суштина зборуваме овде е направено од тактички причини. Нормално е да се суспендира парламентот“.
Од друга страна, експертите се согласуваат дека потегот на Џонсон е „најголемата уставна криза во Британија“, откако Едвард VIII се откажа од престолот во 30-тите години од минатиот век.
Професорот по меѓународна политика во Бирмингем Скот Лукас вели дека сегашната катастрофа со Брегзитот со која се соочуваат Британија и Унијата е поголема од Втората светска војна, поголема од кризата во Суец во 1956 година и од војната во Ирак во 2003 година.
„Ова е обид, не само да се извади Британија од Европската унија, туку да се каже дека парламентот нема никаков збор во таа конечна одлука. И тоа е многу, многу опасен преседан“.
Ден претходно опозициските лидери се согласија да работат заедно за да се обидат да го спречат Брегзитот без договор, меѓу другото и со гласање недоверба на владата на Џонсон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×