Круз и Кејсик се здружија за да не му дозволат на Трамп директна номинација  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Конкурентите на Доналд Трамп за републиканска номинација на изборите за претседател на САД, Тед Круз и Џон Кејсик, објавија план за координација на своите стратегии на внатрепартиските избори во преостанатите сојузни држави. Ова, со цел да не му дозволат на Трамп да освои бројка на делегати потребни за директна номинација на партијата.

Круз и Кејсик синхронизирано објавија соопштенија во кои наведуваат дека постигнале спогодба без преседан во американската политика.

Со договорот е предвидено кампањата на Кејсик да му даде „отворен пат“ на Круз во Индијана, додека во замена, кампањата на Круз ќе му го „отвори патот“ на Кејсик во Орегон и во Ново Мексико.

„Именувањето на Доналд Трамп за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во ноември би било сигурна катастрофа за републиканците“, нагласи во соопштението менаџерот на кампањата на Круз.

„Не само што на претседателските избори демократите Хилари Клинтон или Барни Сандерс ќе го „избришат подот“ со Трамп, туку и самата негова номинација ќе ја уназади нашата партија за цела една генерација“, рече тој.

Соопштението на двајцата ривали на Трамп е објавено само 48 часа пред почетокот на внатрепартиските избори во североисточниот дел на САД, каде се очекува дека контроверзниот милијардер ќе го зголеми бројот на делегатите кои го поддржуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×