КСС бара одговори на нивните барања, најавуваат радикални мерки
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) информираше дека испратиле писмо до Владата во кое најавуваат дека ќе преземат порадикални активности доколку во најкус можен рок не се изнајдат конкретни решенија за нивните барања.
protest-kss-prilepПред десетина дена, КСС организираше протест пред Владата со барања да се изврши усогласување на платите со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор. Синдикатот не се согласува и со трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
КСС во денешното соопштение испратено до јавноста обвинува дека се соочува и со проблеми при собирањето на списоците за нивното членство со кои треба да ја докаже својата репрезентативност.
„За да може КСС да се спречи во докажување на својата репрезентативност пред Комисијата за утврдување на репрезентативност, КСС се соочува со проблеми во собирањето на списоците, каде согласно Закон, работодавачот е должен да издаде список на членови кои плаќаат чланарина, а ние не можеме да собереме списоци дури за 30 – 40 проценти од нашите членови затоа што директорите имаат инструкции да не доставуваат списоци со членови на синдикатот, што е законска обврска“, се вели во соопштението.
Од КСС најавуваат дека за ова ќе ги известат Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК), Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×