КСС против предлогот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) не се согласува со владиниот предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на платите.
slider1-702x336За КСС е неприфатливо буџетските средства кои се наменети за функционирањето на државните институции и за финансирање на капитални проекти, да се користат за да се стимулира приватниот сектор.
„Особено за нас е неприфатливо и несфатливо, со ребалансот на Буџетот, огромна сума на средства од Министерството за образование и наука да се префрлат во други ресори, а само пред неколку денови просветните работници штрајкуваа за зголемување на платите“, наведува КСС во денешното соопштение.
Синдикатот бара од Владата и од пратениците да не дозволат да се спроведе овој закон, којшто според нив, е неуставен и дискриминирачки. – Во спротивно, предупредуваме дека набрзо ќе излеземе со соодветен одговор, спроведувајќи радикален работнички отпор, затоа што трпението на вработените во јавниот сектор е при крај, велат од КСС.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×