КСС со протест пред Владата ќе бара исполнување на нивните барања
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Конфедерацијата на слободни синдикати за утре попладне најавува протест пред Владата барајќи исполнување на нивните барања за усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.
Konfederacija-na-slobodni-sindikati-nivnaОд Конфедерацијата на слободни синдикати се и против трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.
„Бараме усогласување на платите во јавниот сектор со покачувањето на минималната плата кое во моментот е 25 проценти. Бараме и исплата на К-15 во јавниот сектор бидејќи сме дискриминирани, а не се согласуваме и со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор“, изјави претседателот на КСС, Благоја Ралповски.
Протестот е закажан во 16 часот бидејќи, како што велат од КСС, утрешниот ден е прогласен за работен.
Од КСС посочуваат дека поддршка имаат и од Европската и Светската конфедерација на синдикати. Тие, како што информираат од КСС, го поддржуваат протестот со кој се повикува на почитување на законите, колективните договори и меѓународните трудови стандарди кои ги има ратификувано Македонија, особено, конвенциите 87 и 98 од Меѓународната Организација на труд и Европската Социјална Повелба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×