КСС: Владата да се откаже од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара Владата и Министерството за информатичко општество и администрација да се откажат од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор, бидејќи како што велат, идејата воопшто не е издржана, а уште потешко е да се имплементира во пракса.
кссВо соопштението на Синдикатот се наведува дека Владата треба да се насочи кон други мерки што ќе помогнат да се пополнат дефицитарните кадри во приватниот сектор, а не преку трансфер на вработените од јавниот сектор.
„Да се замрзнат вработувањата во јавниот сектор, а не да се вработуваат нови партиски и нестручни кадри, а потоа да ги “трансферираат” оние кои имаат подолго искуство. Вработените во јавниот сектор се изложени на постојан притисок со „трансферот”, а досега нема предложено никаков конкретен модел“, соопштуваат од Синдикатот.
Посочуваат дека пазарот на трудот е отворен и секој кој сака може да работи и во приватен и во јавен сектор, а Владата со конкретни мерки да помогне на работодавачите за да може приватниот сектор да биде попривлечен и одливот на вработени ќе се реши по природен пат, а не со мерка која е вештачка и не одговора ниту на работодавачите, ниту на работниците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×