Kuehne + Nagel го проширува бизнисот во автомобилската индустрија
Објавено на од во Компании

Од први ноември оваа година компанијатаKuehne + Nagel ќе го опслужува BMW Group со опсежна палета на услуги, во делот на логистика за резервни делови, соопштуваат од компанијата.

Kuehne + Nagel ќе го подржува BMW Group во имплементација на новата структура за нивната комплексна логистика на резервни делови во централниот дистрибутивен центар (CDC) во Баварија.  Од CDC, BMW Grоup обезбедува делови на своите регионални дистрибутивни центри низ светот, кои понатака ја обезбедуваат испораката на локалните овластени дилери на BMW во одделни држави.

Kuehne + Nagel од ноември постепено ја презема работата на три CDC локации во долна Баварија. Како дополнување на работата прием на роба, контрола и пакување на резервните делови се вклучени во услугата. Истотака, Kuehne + Nagel ќе биде одговорна за складирање, комисионирање и испорачување на стоката.

„Веќе долги години Kuehne + Nagel е силен партнер на автомобилската индустрија. Овој нов договор со BMW Grоup ја истакнува нашата стручност, особено во извршување на сложени активности во логистиката на резервниделови. Задоволство ни е што го проширивме нашето партнерство со BMW Grоup“, изјави Јенс Воленсен, член на управниот одбор на Kuehne + Nagel Германија, кој е одговорен за договорна логистика.

Од  Kuehne + Nagel исто така соопштуваат дека оваа година бележат пораст и на профитот.

„Во текот на првите девет месеци од 2015, Kuehne + Nagel групацијата го забрза растот на резултатите. Додека приходот и бруто добивката бележеа загуба поради влијанието на курсната разлика, оперативните резултати (EBITDA) се покачија за 4,6% и достигнаа 777 милиони CHF споредбено со истиот период минатата година. Заради негативното влијание на курсната разлика од 7,5%, добивката за тој период се покачи до 6,7%,  или на 512 милиони CHF“, соопштуваат оттаму.

Инаку, со повеќе од 66,000 вработени на 1000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Kuehne + Nagel во Македонија беше формирана во 1996 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×