Kuehne + Nagel одбележува 20 години од основањето на канцеларијата во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
7R1A9021

Логистичката компанија Kuehne + Nagel, одбележува 20 години од основањето на канцеларијата во Македонија, како дел од глобалното семејство. Основана во 1996 година, со своја главна канцеларија во Скопје, Kuehne + Nagel Македонија денес располага со 19 логистички специјалисти.

Ако на почетокот основна услуга на компанијата бил камионскиот транспорт, согласно тогашните барања на пазарот, со текот на времето и со растењето на канцеларијата во Скопје, се зголемувало и портфолиото на услуги кон клиентите. Денес, Kuehne + Nagel Македонија подеднакво ги нуди своите услуги за камионски, бродски, авионски транспорт; договорна логистика, како и осигурување во транспортот со KN Sure и интернет базираната алатка за контрола на пратките KN Login.

Компанијата годишно превезува над 15.000 копнени пратки, над 2.000 контејнери, над 300 тони авионски пратки со годишен обрт од над 350 милиони денари.

„Следејќи ги промените кои се случуваат во државата на економски план, отварањето на новите фабрики и новите странски инвестиции, ние континуирано планираме и креираме производи согласно индустриските потреби на пазарот. Нашата цел е да ги промовираме и имплементираме глобалните производи на Kuehne + Nagel на македонскиот пазар согласно локалните можности и услови“,  изјави Благица Трпезановска директор на Kuehne + Nagel Македонија.

Со повеќе од 69.000 вработени на 1.000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×