Кула што „јаде“ смог го прави 55% почист воздухот во Пекинг
Објавено на од во lifestyle
Smog-Free-Tower-By-Studio-Roosegaarde-At-NightКулата што „јаде“ смог во Пекинг – дело на Studio Roosegaarde – ефикасно го прочистува воздухот. Проектирана е специјално да ги собира елементите што го загадуваат воздухот, и не е случајно во Пекинг, градот со најзагаден воздух во Кина.

Министерството за животна средина на најнаселената држава објави дека воздухот околу кулата е за 55% почист од претходно.

За четириесетина дена оваа кула што локалното население ја нарекува „храм на чистиот воздух“ исфилтрирала 30 милиони кубни метри воздух.

Од отпадот што се собира при филтрирањето се прави бижутерија – 300 специјални прстени од смог.

По гостувањето во Пекинг, кулата што прочистува смог ќе ја продолжи својата турнеја во Кина за да филтира загаден воздух. Инаку,  Studio Roosegaarde е социјална дизајнерска лабараторија основана од холандскиот архитект и иноватор Daan Roosegaarde во 2006 година и има свои претставништва во Ротердам и Шангај.

Smog-Free-Tower

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×