Кумуцакос: Не е изводлив конечен договор што ќе го разликува нашиот северен сосед од грчка Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Не е изводливо Владата (на Грција) да донесе договор (со Македонија) што ќе биде комплетен, целосен и конечен; што ќе го разликува, на комплетно јасен начин, нашиот северен сосед од Македонија (грчката област) – смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, во интервју за весникот „Real News“.

Тој во интервјуто вели дека „неодамнешните изјави од Скопје ставија кочница на целосно неопходната ревизија на Уставот на соседната земја и на спроведување на договореното име за сите употреби“.

Според Кумуцакос, ваквата разврска е негативна за Грција, а „прашањето не е дали продолжуваат преговорите, туку како продолжуваат и каде водат“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој ја споменува и изјавата на шефот на македонската дипломатија по средбата со неговиот грчки колега во Охрид, кога Никола Димитров рече дека со Никос Коѕиас разговарале и за спречување на иредентизмот од двете страни.

„Не станува збор едноставно за потврдување на бескомпромисноста, туку за нови барања од скопската страна, конкретно на господинот Димитров, кој, верувале или не, го постави прашањето за иредентизам од страна на Грција, кон неговата земја. Ова не е чекор напред. Тоа е чекор на сериозно уназадување. Нешто што се случи во присуство на министерот за надворешни работи на Грција, а господинот Коѕиас јавно молчеше“, вели Кумуцакос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×