Кумуцакос: Скопје менува табли на улици, но не и позиции
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Менуваат табли на улици, но не и позиции“, вели одговорниот за надворешни работи во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ги изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Кумуцакос бара од грчката Влада да каже јавно кои се црвените линии во разговорите.

„Премиерот и министерот за надворешни работи на Скопје, јасно ги одредија нивните црвени линии. Не преговараат ниту за промени на нивниот Устав, ниту за нивната наводна македонска националност. Со други зборови, менуваат табли на улици, но не и позиции. Но, прашањето е што прави Владата. Господинот Ципрас треба да им каже на граѓаните, кои точно се црвените линии на Владата за да не дозволи интеграција на Скопје во НАТО и Европската унија“, вели Кумуцакос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×