„Куп“ оставки по скандалот со прислушување во Полска
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Тројца полски министри, неколку заменици, спикерот на парламентот и шефот на советници си поднесоа оставки од своите функции, како резултат на скандалот во Полска за незаконско прислушување

На вондредна прес-конференција, премиерката на Полска, Ева Копач, соопшти дека ги прафатила барањата за оставка на министерот за здравство, Бартош Арлукович, министерот за државни сопствености, Влозимеж Карпински, како и на министерот за спорт и туризам, Анжеј Бернат.

Ова следува откакоа полските медиуми со денови објавуваат информации за околу 2.500 транскрипти со разговори на владините функционери, а во јавноста протекоа информации за истрагата која се однесува на аферата.

Полската премиерка нагласи дека е неопходно да биде избран нов јавен обвинител, кој ќе ја води истрагата за аудиснимките со прислушувани приватни разговори водени во два ресторани во Варшава.

Минатата година полскиоит магазин „Впрост“ објави тајни снимки на шефот на централната банка, која наводно преговара со министерот за внатрешни работи за поддршка на владините економски политики, доколку министерот за финансии си поднесе оставка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×