Со „Шпаркасе круг“, Банката создава заедница во која клиентите добиваат пристап до поволности што го прават секојдневното купување попаметно, поисплатливо и попријатно.
Платформата е наменета за сите корисници на платежни картички на Шпаркасе Банка и е дизајнирана како едноставен и лесно применлив концепт што нуди конкретни придобивки при секојдневното плаќање со картичка. Продажните места во рамките на платформата „Шпаркасе круг“ се поделени во 12 категории, со цел олеснет и структуриран пристап на корисниците од различни возрасти и животни стилови и избор на нивниот соодветен бенефит и поволност.


„Програмата за лојалност ‘Шпаркасе круг’ е концепт што ги поврзува клиентите, партнерите и Банката во заедница каде што сите добиваат повеќе вредност. Нашата цел е на клиентите да им понудиме реални и корисни придобивки, кои ќе бидат дел од нивното секојдневие и ќе го направат секое плаќање уште поисплатливо“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Во рамките на платформата, клиентите ќе можат да уживаат во:
- ексклузивни попусти во повеќе од 300 продажни места;
- специјални пакет-понуди и привилегии;
- подароци и дополнителни поволности;
- пристап до уникатни понуди достапни само за корисниците на картичките на Шпаркасе Банка.
Во наредниот период, „Шпаркасе круг“ ќе продолжи да се развива со нови партнери, категории и бенефиции, збогатувајќи го искуството на клиентите и потврдувајќи ја посветеноста на Банката кон создавање современи, практични и вредни решенија.
Повеќе информации за партнерите и за актуелните поволности се достапни на „Шпаркасе круг“, во Сервисниот центар на 02 15 050 или во најблиската експозитура на Банката.
Шпаркасе Круг. Влези во кругот на попусти и поволности на Шпаркасе Банка.



















