Купувањето злато од Русија е „лош знак” на светскиот мир
Објавено на од во Економија

Во првиот квартал од 2019 година, купувањето злато од Русија достигна рекордно ниво, и тоа е „лош знак” за светскиот мир. Тоа го објави британскиот весник „Дејли експрес“, цитирајќи го шефот на меѓународната брокерска компанија „БулионВоулт“, Адријан Еш.

zlato_rusijaВесникот наведува дека во првиот квартал од 2019 година Русија ги зголемила резервите на злато за 145,5 тони, што е за 68 проценти повеќе од истиот период во 2018 година.

Од Светскиот совет за злато (WGC) претходно беше наведено, за купување на 55,3 тони во првите три месеци од оваа година на Москва, со што вкупните резерви се 2168 тони.

Според „Дејли Експрес”, Москва акумулира злато и девизни резерви во исто време со намалување на инвестиции во американските хартии од вредност и исто така се обидува да ја намали зависноста од американскиот долар. На тој начин, Русија се обидува да се одбрани од можната криза на светската економија.

-Големите купувања злато од страна на владите и централните банки ретко е добар знак за светскиот мир и соработка, вели Адријан Еш.

Русија и натаму останува петта во светот со вкупен обем на злато и девизни резерви, а самиот благороден метал е помалку од 20 отсто од вкупните девизни резерви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×