Курц: Австрија ќе притиска за динимизирање на преговорите околу името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Австрија ќе изврши притисок и ќе направиме се што можеме да внесеме малку развој и динамика за решавање на ова прашање. Ова го истакна шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц кој од вчера попладне е во официјална посета во земјава.

По средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, Курц рече:

„Македонија има иднина и просперитет во Еворпската Унија. А што се однесува на името, сметаме дека тој процес трае предолго и дека мора што поскоро да се дојде до решение. Ние како Австрија ќе извршиме притисок и ќе направиме се што можеме за да внесеме малку развој и динамика за решавање на ова прашање. Ова не е проблем само на двете држави туку е проблем на целата Европска Унија“, изјави Курц.

Инаку, како што рече министерот Попоски, посетата на австрискиот шеф на дипломатија доаѓа во клучен период, оти во август оваа година, Австрија ќе биде домакин на Виенската Kонференција која е во духот на минатогодишната Берлинска Kонференција на која ќе бидат упатени пораки и ќе бидат преземени конкретни мерки за задржување на интеграциската агенда на Западен Балкан  кон ЕУ.

Оваа година, пак, Македонија ќе претседава со Централно-Европската Иницијатива која е продолжение на минатогодишното австриско претседавање со ЦЕИ, на која како што подвлече Попоски ќе биде посветено внимание на економијата и политичките односи и важноста на ЕУ.

Освен за прашањето за името, на средбата двајцата министри разговарале и за актуелните политички случувања во земјава, како и за економските односи меѓу двете држави.

Себастијан Курц во своето обраќање истакна дека Македонија е важен партнер а тоа до сега е многупати докажано.

„Оваа соработка не е само на лично ниво. Македонија и Австрија негуваат соработка и во повеќе области. Австрија е втор најголем инвеститор во Македонија со до сега инвестирани 437 милиони евра преку 50 претпријатија, а во тек се планирани уште 10 твиниг проекти во доменот на екологијата, социјалните работи и администрацијата“, истакна Курц.

Тој подвлече дека Македонија треба да продолжи со реформите како и до сега, но ја повика опозицијата да се врати во Собранието бидејќи, како што истакна Курц, тоа е местото каде се води дијалогот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×