Курц: Брегзит може да се одложи до мај
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ЕУ е спремна да го одложи датумот до кој Велика Британија ќе треба да го напушти блокот, но не повеќе од изборите за Европскиот парламент во мај, изјави денес австрискиот канцелар Себастијан Курц.

 

Kurz Mej„Во Велика Британија се знае дека ЕУ е спремна да направи сè за да избегне „тврд“ Брегзит и дека доколку е неопходно, е спремна да го одложи  датумот за излез, но тоа мора да биде и желба на Британија“, кажа Курц во Давос.

Во овој момент одредено е Британија да ја напушти ЕУ на 29 март со или без договор од Брисел.

Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј денес изјави дека таа работи на тоа да го осигура усвојувањето на договорот за повлекување на Британија од европскиот блок.

Во меѓувреме, Airbus им’ се придружи на големите компании кои предупредија на ризикот во случај државата да ја напушти унијата без договор со Брисел.Тие изјавија дека без договор ќе се случи хаос на границата кој ќе ги спречува испораките на компанијата, а во тој случај тие ќе бидат приморани да направат штетни одлуки за британскиот пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×