Курц: Данок треба да се плаќа таму каде што се остварува профитот  
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Kurz„Гугл“, „Фејсбук“ и другите интернет компании се активни и остваруваат заработка во Австрија и во другите земји што е легитимно, но би требало и да плаќаат данок во тие држави, изјави лидерот на Австриската народната партија (ОВП) и кандидат за иден австриски канцелар Себастијан Курц.

“Во моментов како во цела Европа, така и во Австрија, постои ситуација профитите, особено во дигиталната област, често да не бидат оданочувани онаму каде што се остварени”, објасни Курц.

Тој најави дека при коалициските преговори со Партијата на слободата на Австрија (ФПО) е договорено да се предложи интерент компаниите да го плаќаат данокот во онаа земја каде ја оствариле заработката.

Курц посочи дека целта е да се најде европско решение, а доколку не дојде до тоа, Австрија ќе преземе сопствени мерки.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×