Курц: ЕУ да престане да наметнува правила
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Две недели пред изборите за Европскиот парламент, австрискиот канцелар Себастијан Курц предизвикабурни реакции со најавата дека сака да поништи илјада правила на ЕУ. Во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“, Курц изјави дека е доста од лудилото на регулација на ЕУ, како и дека е доста со наметнување правила од Брисел.
Pressefoyer-MinisterratТој нагласи дека меѓудругото, непотребно е правилото за шницли или помфрит, со кое Брисел одредува како треба да изгледаат намирниците.
„На никого не му е потребно Брисел да пропишува како се подготвува шницла“ рекол Курц, додавајќи дека ЕУ треба да се занимава со одговори на големи предизвици, како што е заштитата на надворешните граници, безбедноста или климатските промени.
Според Курц, проектот за мир на Европа се повеќе станува тесен бирократски простор за граѓани. Австрискиот канцелар порача дека е неопходно, ако се сака да се придобие поддршката на граѓаните за ЕУ, да се спречи бирократското наметнување од Брисел.
Неговото барање наиде на жестоки критики од опозицијата, која оценила дека канцеларот е против ЕУ.
Курц минатата недела ја критикуваше одлуката на турските власти за анулирање на локалните избори во Истанбул. Тој рече дека оној што не ги прифаќа демократските избори нема што да бара во ЕУ. Курц побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција, но исто така истакна дека е неопходно Унијата чесно да се однесува кон Турција, која веќе со години со се поголеми чекори се оддалечува од ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×