Курц: Европа да ги прифати само вистински прогонетите мигранти
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европа мора да го запре приливот на илегалните мигранти и сериозно мора да ги заштити надворешните граници и да ги прифати најслабите и оние што се навистина прогонети. Ова го истакна шефот на австриската дипломатија Себастија Курц, кој денеска е во посета на Србија

„Правото на азил е јасно регулирано, но мора да се направи разлика меѓу луѓето на кои навистина им е потребна заштита и на оние кои од економски причини се во потрага за подобар живот“, рече шефот на австриската дипломатија и додаде дека тоа е човеково право, но дека сепак не му дава право на човекот да ја одбере земјата во која ќе поднесе барање за азил.

Тој истакна дека Австрија, после 90 илјади барања за азил минатата година,  и оваа година  веќе има повеќе од 20 илјади барања. Доколку мерките кои италијанската влада ги вети не бидат делотворни, тој рече дека Австрија ќе мора да делува со цел да се заштита од преоптоварување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×