Курц побара прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика поради одлуката за анулирање на резултатите од локалните избори во Истанбул, истакнувајќи дека тие што не прифаќаат демократски избори нема што да бараат во Европска Унија.
Sebastian-KurzТој исто така побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција.
„Неопходно е ЕУ чесно да се однесува кон Турција, која со години со се поголеми чекори се оддалечува од Унијата и се повеќе не ги исполнува условите на пристапните преговори.  Се уште постојат силни систематски ограничувања на слободата на изразување и на медиумите“, посочи Курц.
Врховната изборна комисијана Турција  вчера одлучи да ги поништи резултатите од изборите што се одржаа на 31 март. На гласањето за градоначалник на Истанбул победи главниот опозициски кандидат Екрем Имамуглу, но со малку гласови предност.
Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата
Имамоглу, ја осуди одлуката на највисокиот изборен орган во Турција за повторно одржување на избори, додека портпарол на турскиот претседател Фахретин Алтун истакна дека поништувањето на изборот за градоначалник на Истанбул претставува победа за турската демократија.
На одлуката за поништување на изборните резултати претходно реагираше и ЕУ.
Во заедничка изјава шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се нагласува дека тоа решение е спротивно на самата идеја за демократски изборен процес. Исто така се додава дека одлуката била политизирана и е во спротивност со клучната цел на демократскиот процес. Освен тоа, тој чекор значи и поткопување на изборниот процес и е против обврските преземени од Турција како член на Советот на Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×