Квенбергер и ДМ изградија заеднички логистички центар во Австрија
Објавено на од во Компании
Инвестицијата во новиот склад е вредна 10 милиони евра

 

Multipark_Enns_1_01

 

 

 

 

 

 

Компаниите од Салзбург, Квенбергер Логистик и дм дрогерие маркт ја продлабочија својата соработка. Во Енс, Квенбергер Логистик изгради нов склад за потребите на меѓународниот синџир на веледрогерии дм маркт. Како резултат на ова сите активности за дм во Австрија ќе се извршуваат на едно централизирано место со што нема да постои потреба од неколку локации за вршење на логистички операции. Кристијан Фуршталер, ЦЕО на Квенбергер Логистик и Менаџерот за Логистика на ДМ, Хуберт Крабихлер го презентираа заедничкиот проект на 27 септември на конференцја за медиумите во Енс, Австрија.

Во градот Енс, Квенбергер Логистик и дм заеднички се развиваа и ја градеа својата соработка во изминатите 27 години. Трговската компанија во моментот ја врши целокпуната дистрибуција на стоки преку Енс. Квенбергер Логистик има своја филијала во непосредна близина и сега го изгради новиот логистички објект кој се утврди дека е неопходен за понатамошниот развој на своите клиенти од оваа област.

Во период од 9 месеци со означен крај на проектот во јуни 2016, Квенбергер изгради 3 логистички организации кои се наоѓаат во еден објект со вкупно од 15.000 м/2 простор за складиштување како и дополнителни 1.200 м/2 за канцелариски простор. Компанијата Голдбек Ромберг ГмбХ е главната градежна фирма носител на проектот. Целокупната инвестиција изнесува околу 10 милиони евра. Новиот објект се простира на површина од 190 на 90 метри и е опремена со 34 влезни рампи. 5.200 м/2 складишен простор е наменет за потребите на дм. Останатиот простор се користи како Повеќенаменски Логистички Центар за останатите клиенти на Квенбергер Логистик кои имаат потреба од простор за складиштување во овој регион.

„Оваа инвестиција е обврзување кон соработката со дм но исто така и кон Енс како една од најзначајните логистички локации во Австрија“, потенцира Кристијан Фуршталер. Тој посочи дека Енс е централен хаб во Австрија за значајни текови на добра бидејќи географски гледано се наоѓа во централниот дел на Австрија и е оптимално поврзан со сите транспортни системи. Прераснувањето на компанијата во Енс како централна локација за менаџирање на дистрибуцијата на производите на дм следи природно како резултат на предностите што ги нуди локацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×