Ла­сер­ски зрак на­ме­сто хи­рур­шки скал­пел во „Ре-Ме­ди­ка“
Објавено на од во lifestyle

Пр­ва­та при­ват­на оп­шта бол­ни­ца „Ре-Ме­ди­ка“, хи­рур­шки­от скал­пел за ни­за здрав­стве­ни и естет­ски проб­ле­ми, го ме­ну­ва со ла­сер­ски зрак и пре­ку ко­ри­сте­ње­то на но­ви­от Фо­то­на ер­би­ум јаг-ла­сер (Er: Yag laser), уште еден во ни­за­та што се упо­тре­бу­ва­ат за да им се по­мог­не на па­ци­ен­ти­те.

 

Не­вол­но исте­ку­ва­ње на ури­на­та, опу­ште­ни ва­ги­нал­ни ѕи­до­ви по по­ро­ду­ва­ње­то на же­ни­те, подм­ла­ду­ва­ње, не­са­ка­ни влак­на на ко­жа­та, ак­ни, луз­ни, брч­ки, про­ши­ре­ни крв­ни са­до­ви на но­зе­те, ли­це­то, но­сот, зго­ле­ме­на пиг­мен­та­ци­ја, се са­мо дел од проб­ле­ми­те на па­ци­ен­ти­те што се ре­ша­ва­ат со ла­сер­ски трет­ма­ни.

Ефе­кти­те се чув­ству­ва­ат вед­наш, за­креп­ну­ва­ње­то е бр­зо, не се на­ру­шу­ва квали­те­тот на жи­во­тот, а трет­ма­ни­те за­ме­ну­ва­ат ин­ва­зив­ни ин­тер­вен­ции.
Пр­ва­та при­ват­на оп­шта бол­ни­ца „Ре-Ме­ди­ка“, хи­рур­шки­от скал­пел за ни­за здрав­стве­ни и естет­ски проб­ле­ми, го ме­ну­ва со ла­сер­ски зрак и пре­ку ко­ри­сте­ње­то на но­ви­от Фо­то­на ер­би­ум јаг-ла­сер (Er: Yag laser), уште еден во ни­за­та што се упо­тре­бу­ва­ат за да им се по­мог­не на па­ци­ен­ти­те.

re medika 1При­ме­на­та на ла­се­ри­те во естет­ска­та дер­ма­то­ло­ги­ја е пос­лед­но­то пог­лав­је што зна­чи „по­мал­ку е по­ве­ќе“, ве­ли проф. д-р Ле­о­нар­до Ма­ри­ни, дер­ма­то­лог и хи­рург во „Скин до­кторс цен­тар“ во Трст, Ита­ли­ја. Тој ка­ко спе­ци­ја­лен го­стин учес­тву­ва­ше на струч­ни­от со­ста­нок „Ла­сер­ска при­ме­на во дер­ма­то­ве­не­ро­ло­ги­ја­та и ги­не­ко­ло­ги­ја­та“ во „Ре-Ме­ди­ка“, сер­ти­фи­ци­ран од Ле­кар­ско друш­тво и Ле­кар­ска ко­мо­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

“На па­ци­ен­ти­те са­ка­ме да им овоз­мо­жи­ме до­бри ре­зул­та­ти за кра­тко вре­ме со мал­ку ну­се­фе­кти. Са­ка­ме тие да ужи­ва­ат во жи­во­тот бла­го­да­ре­ние на оваа тех­но­ло­ги­ја. Но­ви­от тренд е ком­би­ни­ра­ње на тех­ни­ки­те. Не упо­тре­бу­ва­ме са­мо еден ла­сер и са­мо ед­на тех­ни­ка, ту­ку са­ка­ме да ги ком­би­ни­ра­ме неж­но си­те тех­ни­ки”, ве­ли д-р Ма­ри­ни.

Тој об­јас­ну­ва де­ка се­га ја ко­ри­стат но­ва­та тех­но­ло­ги­ја на „Фо­то­на“, ко­ја про­из­ве­ду­ва мош­не фи­на ли­ни­ја про­из­во­ди, прис­по­соб­ли­ва, ефи­кас­на, пре­циз­на ка­ко скал­пел во ра­ка­та на до­бар хи­рург.
“Оваа тех­но­ло­ги­ја всуш­ност е зра­чен скал­пел. Не­ма кон­такт со ко­жа­та, а дејс­тву­ва врз неа, ја мо­ди­фи­ци­ра со зрак. Но, со овој ла­сер не мо­же се­кој да ра­бо­ти, би­деј­ќи мо­ра да си обу­чен, да ги се­ле­кти­раш па­ци­ен­ти­те”, ре­че до­кто­р Mарини.

Д-р Ду­шан Ма­ле­тиќ од по­лик­ли­ни­ка­та „Д-р Ма­ле­тиќ“ од Хр­ват­ска, об­јас­ну­ва де­ка ла­се­ри­те да­ва­ат фан­та­стич­ни, трај­ни ре­зул­та­ти во ре­ша­ва­ње­то на хи­пер­хи­дро­за или пре­ку­мер­но по­те­ње и ли­по­ли­за, трет­ман што се пр­ви по ли­по­сук­ци­ја, от­стра­ну­ва­ње мас­ни нас­ла­ги и со не­го се ре­ша­ва ви­шо­кот ко­жа.
re medika 2Д-р Ли­ди­ја Би­сер­ко­ска Ата­на­сов­ска, дер­ма­то­ве­не­ро­лог во „Ре-Ме­ди­ка“ ве­ли де­ка искус­тво­то од не­кол­ку ме­се­ци, а прет­ход­но и проб­но­то ра­бо­те­ње со но­ви­от ла­сер, збо­ру­ва де­ка има­ат моќ­на ала­тка за за­до­волс­тво на па­ци­ен­ти­те.

“Не са­мо во естет­ски­от дел во дер­ма­то­ло­ги­ја, ла­сер­ска­та тех­но­ло­ги­ја се упо­тре­бу­ва и во ме­ди­цин­ски це­ли. По­крај естет­ски­те ин­тер­вен­ции, подм­ла­ду­ва­ња­та, кои се мно­гу по­пу­лар­ни, от­стра­ну­ва­ње пет­на, не­са­ка­на пре­бо­е­ност на ли­це­то, не­са­ка­ни луз­ни, овој ла­сер ни е ала­тка за трет­ман и на ак­ни, на при­мер, и по­ка­жа го­ле­ми ус­пе­си. За­до­вол­ни сме што го има­ме и се на­де­ва­ме на уште по­го­ле­ми ус­пе­си што ќе мо­же и по­на­та­му да ги пре­зен­ти­ра­ме”,  ве­ли д-р Би­сер­ко­ска.
Д-р На­та­ша Те­ов­ска Ми­трев­ска, исто та­ка дер­ма­то­ве­не­ро­лог во „Ре-Ме­ди­ка“, ве­ли де­ка ре­зул­та­ти­те и бро­јот на по­треб­ни­те трет­ма­ни за­ви­си од тоа што се тре­ти­ра.

“Се­кој па­ци­ент до­би­ва ин­ди­ви­ду­а­лен про­то­кол и за за­креп­ну­ва­ње­то и за ефе­кти­те на ла­се­рот. Ме­ѓу­тоа тие се вид­ли­ви вед­наш”,  ве­ли таа.
Д-р Си­мо­ни­да Кот­ла­ро­ва-По­по­ска, ги­не­ко­лог во „Ре-Ме­ди­ка“, ла­се­рот го упо­тре­бу­ва за да им по­мог­не на па­ци­ен­тки­те со ре­ла­кси­ра­ни ва­ги­нал­ни ѕи­до­ви и за не­вол­но исте­ку­ва­ње на ури­на­та по по­ро­ду­ва­ње­то. Овие трет­ма­ни ну­дат го­ле­ми олес­ну­ва­ња за нив.
“Тие се без ни­ка­ква тра­у­ма, без по­себ­ни пре­до­пе­ра­тив­ни под­го­то­вки, без на­ру­шу­ва­ње на неј­зи­ни­от се­којд­не­вен жи­во­тен ри­там. Во­о­би­ча­е­но се пра­ват три-че­ти­ри трет­ма­ни на рас­то­ја­ние од 4 до 6 не­де­ли и ре­зул­та­ти има вед­наш. До­се­га со си­те па­ци­ен­тки има­ме по­зи­тив­но искус­тво. Ка­ко ле­ка­ри сме среќ­ни што има­ме но­ви ме­то­ди за трет­ман”, ве­ли д-р Кот­ла­ро­ва-По­по­ска.

Ремедика 3Ла­сер­ска­та тех­но­ло­ги­ја во „Ре-Ме­ди­ка“ се ко­ри­сти од са­мо­то неј­зи­но ос­но­ва­ње, до­да­ва проф. д-р Ан­дре­ја Ар­сов­ски, ме­ди­цин­ски ди­ре­ктор во бол­ни­ца­та. Оваа тех­но­ло­ги­ја ну­ди не­кол­ку пред­ностi во од­нос на кон­вен­ци­о­нал­ни­те на­чи­ни на ле­ку­ва­ња.
“Пред сѐ ту­ка е ми­ни­мал­но ин­ва­зив­ни­от при­стап, а се из­бег­ну­ва го­лем дел од комп­ли­ка­ци­и­те и ну­се­фе­кти­те. Ја ко­ри­сти­ме во ги­не­ко­ло­ги­ја­та, хи­рур­ги­ја­та, дер­ма­то­ве­не­ро­ло­ги­ја­та. Во те­кот на на­ши­от раз­вој се тру­ди­ме да ги усо­вр­шу­ва­ме тех­ни­ки­те и зна­е­ња­та со под­др­шка од одре­де­на опре­ма, со што ги сле­ди­ме трен­до­ви­те во свет­ска­та ме­ди­ци­на. Се ра­бо­ти за тех­но­ло­ги­ја, ко­ја мно­гу бр­зо про­ди­ра во гран­ки­те на ме­ди­ци­на­та, а од ко­ја ефе­кти­те се мно­гу бр­гу вид­ли­ви”, ве­ли професор Ар­сов­ски.

 

Автор: На­та­ша Бо­шков­ска-Зла­тко­ва

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×