Ла Стампа: Десната рака на Самарас се наоѓа на листата на неплаќачи на данок
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ставрос Папаставру, според документите до кои вели дека има пристап италијанскиот весник Ла Стампа, а пренсува грчки Репортер, има две сметки во Швајцарија во HSBC банката. Неговото име се најде во таканаречената „Листа на Лагард“ а обвинителите не биле во можност да ја завршат својата истрага, пишува овој италијански весник, пренесува грчки Репортер.

Во текстот со наслов „Десната рака на Самарас и закопаната даночна евазија“, италијанскиот весник открива дека Папаставру, близок соработник на поранешниот премиер на Грција, Андонис Самарас е меѓу имињата на листата на Лагард, на која се наоѓаат околу 2000 Грци, кои веројатно затајувале данок со нејасни сметки во Швајцарската HSBC банка во Женева.

Како што се наведува во текстот, Папаставру до 25 јануари непосредно пред да дојдат на власт СИРИЗА, беше меѓу најмоќните лица во Грција и е јасно дека скандал поврзан со неговото име ќе имаше значајни последици за поранешниот премиер и неговата партија, Нова Демократиа. Уште повеќе, како што пишува во текстот, „последиците би биле уште пострашни, оти претседателот на Нова Демократиа беше единствениот ривал на Алексис Ципрас“.

Дополнително, Ла Стампа вели дека името Папаставру на листата на Лагард, објавена во 2012, се наоѓа покрај името на грчко- израелскиот бизнисмен Саба Мионис, „кој потврди дека бил поранешен советник на Самарас и сам ги менаџирал финансирањата“.

Во текстот исто така се открива дека грчката Управа за финансиски криминал почнала истрага со цел да утврди дали изворите на финансирање се легални. „Но кога на 25 јануари беа свикани избори, директорот на Управата побара овој случај да се затвори“.

Стабри, компанија која е во сопственост на Папаставру, се наоѓа во даночниот рај Девствени острови, а грчките власти немаат никакви докази за неговиот капитал таму. Единствениот елемент кој досега го имаат тие е 2.6 милиони долари трансакција од швајцарска сметка на име Fairwings Asset Inc, направена во 2006, за која Папаставру вели дека е сума која дошла од различни профити на компанијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×