Лагард: Не сакаме иновации, крипто-валутите мора да се надгледуваат
Објавено на од во Економија
Таа предупреди дека таквите промени во финансиската индустрија мора да бидат проследени со регулативи.
лаагардФинансиските технологии, како што се дигиталните валути очигледно „го тресат“ банкарскиот систем и мора да се надгледуваат за да се зачува стабилноста, изјави денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
„Не сакаме иновации кои би го затресле системот во толкава мера за да ја изгубиме неопходната стабилност“, наведе Лагард.
Стартап фирмите и големите технолошки компании се повеќе обраќаат внимание на банкарскиот сектор, а Фејсбук наводно развива сопствена крипто-валута, додека Епл минатиот месец претстави сопствена кредитна картичка во партнерство со банката „Голдман Сакс“.
„Технолошките компании кои влегуваат во банкарскиот простор мора да бидат подложни на регулативи“, посочи Лагард.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×