Лагард повика на одговорност, транспарентност и комуникативност на централните банки
Објавено на од во Економија

Управната директорка на ММФ, Кристин Лагард, повика на одговорност транспарентност и комуникативност на централните банки.

lagard-40555„Ова се клучните компоненти за да ги направи доверливи во исполнувањето на нивните должности“, рече Лагард на прес-конференцијата по пролетниот самит на ММФ и Светска банка (СБ).

Запрашана дали независноста на некои централни банки при утврдувањето на монетарната политика е загрозена, таа одговори: “Независноста им служеше добро во текот на годините и ќе продолжи така.”

ММФ,  по завршувањето на средбите во Вашингтон во саботата, предупреди дека има ризици од намалување на светскиот економски раст. Како оказатели ги наброја факторите како трговските тензии, политичката несигурност и брзото влошување на финансиските услови под неповолни конјунктури, коио се карактеризираат со ограничен политички простор, историски високи нивоа на долгови и зголемена финансиска ранливост.

Претходно, Кина ја критикуваше политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, која предизвика трговски спор помеѓу двете најголеми економии во светот, вклучувајќи и серија на реципрочни царини за стотици милијарди долари.

“Протекционизмот на некои земји ја попречува меѓусебната доверба меѓу државите, ги ограничува можностите за мултилатерална соработка и ја попречува желбата да се постигне тоа”, рече во заклучокот на ММФ Кун Ју-Ло, заменик-гувернерот на Централната банка на Кина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×