Лагард: Растот на глобалната економија во 2016 ќе биде разочарувачки
Објавено на од во Економија

Растот на глобалната економија наредната година ќе биде разочарувачки, пишува директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, во авторскиот текст објавен во германскиот весник „Handelsblat“, пренесува РТС.

Перспективите за раст на каматната стапка во САД и економското забавување во Кина придонесоа, како што вели таа, за создавање неизвесност и зголемување на ризикот од економски потешкотии ширум светот.

Освен тоа, растот на глобалната трговија значајно е забавен, падот на цената на суровините претставува голем проблем за економиите кои се потпираат на нив, додека финансискиот сектор во многу земји и понатаму е премногу слаб, а финансиските ризици растат на пазарите во развој, оценува Лагард.

„Сето ова зборува дека растот на глобалната економија ќе биде разочарувачки и нееднаков во 2016 година“, и додава дека ниската продуктивност, забрзаното стареење на жителите и последиците од глобалната финансиска криза го кочат економскиот раст.

Почеток на нормализација на монетарната политика во САД и свртување на Кина кон модел на раст заснован на потрошувачка претставуваат „потребни и здрави промени“, но неопходно е и тие да бидат спроведени што е можно поефикасно, смета директорката на ММФ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×