Лагард: Светската економија скромно заздравува
Објавено на од во Економија

Светската економија поминува низ процес на скромно заздравување, соопшти денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Таа додава дека растот во развиените земји би требало да биде поголем.

Лагард, на форумот во Даблин, рече дека растот на бруто домашниот производ (БДП) на глобалната економија минатата година беше 3,1%, и дека растот за оваа година се очекува да биде “благо над три отсто“, а во 2017 година „уште малку поголем“, пренесува ангенцијата Франс прес.

„Тоа секако е раст, но скромен, оти заздравувањето што го гледаме во САД, Европа и Јапонија, може да биде поголемо“, вели таа.

Кога станува збор за земјите од развој, без Индија, која според Лагард е во доста добра состојба, тие забавуваат или се во прилично слаба позиција, како што е случајот со Русија, Бразил и Јужноафриканската Република.

„Овие држави имаат потешкотии. И Русија и Бразил оваа година ќе бидат во негатива“, оцени Лагард.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×