Лани изградени над 4.000 станови
Објавено на од во Економија
Во текот на минатата година се градени вкупно 2.209 објекти, а завршени се вкупно 3.437 станови изградени од деловни субјекти, а во индивидуална режија се изградени 1.717 објекти и завршени се 1999 станови, објави Државниот завод за статистика.
64565409_854155341609029_2905279530153279488_nСпоред податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 29.320.988 илјади денари. Од нив, 11. 527.868 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.
Изградените 3.437 станови се со вкупна површина од 227.797 м2, од коишто 3.413 се во индивидуална сопственост.
Просечната корисна површина на завршените станови е 66,3 м2.
Кај објектите изградени во иднивидуална режија вкупната површина на 1999-те станови изнесува 233.015 м2, од коишто 113 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 8.944 м2.
Вредноста на извршените градежни работи е 8.216.669 илјади денари.
Просечната корисна површина на завршените станови е 116,6 м2.
Во текот на минатата година најмногу се градело во скопскиот регион, потоа во Полошкиот, во Југозападниот и источниот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×