Лани вовел 5-часовно работно време – годинава ќе заработи 9 милиони долари
Објавено на од во lifestyle

Сопственикот на американската компанија Tower Paddle Boards, Стефан Аарстол, пред нешто помалку од една година вовел петчасовно работно време, за работниците да можат да стигнат дома пред ручекот.

„Мојата компанија одлучи да работи поинаку. Ние сме во бизнисот на продажба на „стоечки“ даски за веслање, па пократкото работно време и слободните попладневни часови за вработените се во совршена согласност со нашиот бизнис“, вели Аарстол.

Работното време во неговата компанија е од 8 наутро до 13 часот.

„Нашите вработени не се платени помалку, и јас од нив и натаму очекувам двојно поголема продуктивност од просечниот работник“, вели сопственикот на Tower Paddle Boards.

Разултатите се, како што вели, извонредни.

Лани компанијата била најбрзо растечка приватна компанија во Сан Диего. Тимот од девет вработени годинава ќе генерира девет милиони долари приходи, пишува Business Insider.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×