Лансирањето на биткоин термински договори на чикашката берза ја урна нејзината веб страница
Објавено на од во hi-tech & business

Во неделата на берзата CBOE (Chicago Board Options Exchange) во Чикаго почна тргување со неодамна одобрените термински договори врзани за цената на биткоинот. Ова е прва берза во светот што одлучи, и тоа една недела пред најавеното, да лансира ваква услуга, а по иницијалниот интерес на инвеститорите тоа се покажа како вистински потег.

Прва последица од почнувањето со тргувањето беше уривањето на интернет страницата на споменатата берза поради преголемиот број на посети. По околу еден час ситуацијата се стабилизира, страницата беше вратена во нормала, а тргувањето во ниту еден момент не беше прекинато. Во првите два часа забележан е голем интерес на инвеститорите за биткоин термински фјучрс договори, па сопственикот во овој краток период го заменија над 800 договори.

Цената на фјучрсите порасна на околу 2.000 долари над моменталната цена на биткоинот, која, како последица, исто така скокна. Во тек на вчерашното утро се движеше на ниво од скоро 17.000 долари, додека едномесечните фјучрс опции беа на цена од над 18.500 долари. За да се поттикнат инвеститорите „да се качат на овој воз“, во чикашката берза одлучиле до крајот на годината да не наплаќаат провизија за тргување со термински договори врзани за биткоин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×