Лаура Ковеши го замрзна имотот на шефот на владејачката партија во Романија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Dragnea KovesiРоманската Агенција за борба против корупција вчера го замрзна имотот на моќниот лидер на владејачката Социјалдемократска партија Ливиу  Драгнеа.

Тој е инаку осомничен за злоупотреба на фондовите на Европската унија.

По налог на Агенцијата е замрзнат имотот на Драгнеа вреден 27,4 милиони евра, како и имотот на уште осум лица кои се под истрага.

Драгнеа е осомничен дека организирал криминална група и за фалсификување на документи со цел незаконско добивање на пари од фондовите од ЕУ. Според Драгнеа, истрагата е политички мотивирана и дека се спроведува во време кога неговата партија настојува да го реформира правосудниот систем во Романија.
Критичарите наведуваат дека социјалдемократите сакаат да го изменат правосудниот систем со цел да го заштитат својот шеф од кривично гонење.

Истрагата против Драгнеа се однесува на злоупотреби на пари од периодот од 2001 година до 2012 година, кога бил на чело на советот на округот Телеорман во јужна Романија.
Истрагата е покрената откако Европската служба за сузбивање на злоупотреби (OLAF) соопшти дека 21 милион евра се нелегално исплатени на официјални лица за изградба на патишта во Романија.

Драгнеа, кој е претседател на најголемата романска партија, не може да биде премиер бидејќи во 2016 година е осуден за местење на избори.

Социјалдемократската партија во јануари се обиде да ја декриминализира злоупотребата на службена должност што предизвика најголеми досега протести во  Романија од падот на социјализмот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×