Лавров: Брисел многу греши што го условува Западниот Балкан – или Русија или Западот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва не се противи на приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската унија, но оти изборот пред кој Брисел ги става земјите кандидати – или Русија или Западот, е многу погрешна политика.

Во ексклузивно интервју за дописничката на српската агенција Бета, во пресрет на посетата на Србија што Лавров ќе ја оствари на 21 и на 22 февруари, тој вели дека Западот го погазил џентлменскиот договор за неширење на НАТО кон руските граници, а оти сега во таа игра сака да го вовлече и Балканот.

Говорејќи за Косово, Лавров наведува дека Русија ќе го прифати кое и да е решение што ќе го договорат Белград и Приштина, додавајќи дека без таков договор бесмислено е да се зборува за местото на Косово во Обединетите нации.

Како што вели Лавров, Русија е заинтересиран за зачувување на историските, духовните, културните врски со пријателите на Балканот.

Шефот на руската дипломатија во Белград ќе има средби со претседателот Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ, со шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, а предвидени се и културни настани посветени на 180 годишнината на руско-српските односи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×