Лавров од Белград: Ако Косово бара во преговорите со Србија да се вклучат САД, Русија нема да стои настрана
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Русија сака секоја земја да има апсолутна слобода на избор и да може да ја развива својата надворешна политика независно, е ставот што на прес-конференцијата во Белград со српскиот претседател, Александар Вучиќ, го искажа рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Ние знаеме дека Европската унија во рамките на поглавјата за приклучување поставува некои услови, меѓу останатото и некои надворешнополитички услови, меѓу кои се санкции кон Русија и признавање на Косово“, изјави Лавров.

Рускиот министер рече дека Русија нема да стои настрана ако Србија побара Москва да се вклучи во дијалогот на Белград и на Приштина за нормализација на односите. Лавров ова го спомена во контекст на можното барање на Косово освен ЕУ, на која ѝ е доверено водењето на дијалогот, и друга страна, САД, да се вклучи во преговорите. Во тој случај, рече Лавров, Русија ќе ја остави Србија да одлучи што ѝ одговара.

Вучиќ, од своја страна, рече дека Србија нема да ја менува својата политика кон Русија, без разлика на евентуалните притисоци; оти нема да воведува санкции кон Москва и дека нема да ја менува својата позиција на воена неутралност.

„Ние сме самостојна земја и одлуките ги носиме независно, без разлика дали тоа некому се допаѓа или не“, изјави Вучиќ, според кој „постои морална обврска да се почитува она што нашите народи го граделе во тек на овие 180 години (од воспоставувањето на односите), но и пред тоа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×