Легалната марихуана на Калифорнија би ѝ донела 20.000 вработувања и 4,2 милијарди долари
Објавено на од во lifestyle

Легализацијата на марихуаната би можела во Калифорнија да отвори 20.000 работни места и да донесе 4,2 милијарди долари приходи, покажува студијата на Универзитетот во Стоктон објавена еден месец пред референдумот за легализација.

Референдумот ќе се одржи на 8 ноември, а испитувањата на јавното мислење покажуваат дека гласачите ќе го поддржат предлогот (за легализација).

Ако биде така, Калифорнија ќе стане петта американска сојузна држава што дозволува користење марихуана во „рекреативни цели“. Така е веќе во Алјаска, во Колорадо, во Орегон и во Вашингтон. Користење во медицински цели е дозволено уште во 19 држави. Во Калифорнија, каде марихуаната може да се користи медицински, се проценува дека приходите од тоа се околу милијарда долари.

Во Колорадо, каде продажбата е дозволена од први јануари 2014 година, во 2015 од овој бизнис се заработени милијарда долари, што во буџетот на оваа сојузна држава донело 135 милиони долари дополнителни приходи од даноци и надоместоци. Вака собраните пари најмногу се користат за проекти од јавен интерес, како изградба на училишта, во што се вложени 35 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×