Лекај за КТВ: Владата може да падне, но таксата кон Србија нема да се укине
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот за инфраструктура на Косово, Паљ Лекај порача дека таксата од 100% на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина нема да се укине, дури ниту по цена да падне Владата на Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.

srbija-kosovo-960x540

Лекај во синоќешното интервју за КТВ рече дека е неприфатливо продолжувањето на дијалогот меѓу Приштина и Белград да се условува со укинување на таксата, затоа што дијалогот и во минатото се одвивал, и покрај санкциите, што Србија ги спроведуваше кон Косово.

– Ние бевме конструктивни и покрај тоа што Србија не имплементираше ниту еден од постигнатите договори. Бевме во дијалогот и покрај кршењето на договорите од страна на Белград. Нема да ја укинеме таксата и во тоа сме решени. Ако треба и на избори ќе одиме, но таксата ќе остане – изјави Лекај.

Тој го поддржа ставот на премиерот Харадинај против идејата на претседателот на државата Хашим Тачи за размена на територии со Србија.

– Харадинај го штити Уставот, ја штити Владата и граѓаните на Косово. Сега за сега нема некаков документ и јас не верувам дека Тачи може да потпише нешто што не е засновано на Уставот на државата – изјави Лекај за приштинската телевизија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×