Лекции од сингапурското економско чудо за Македонија
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

SINGAPUR GlavnaЛекции од сингапурското економско чудо за Македонија

Македонија навистина би можела да биде Сингапур на Балканот. Но, тоа може да се случи само кога со државата ќе управуваат политичари кои се докажани и успешни бизнисмени, а не партиски послушници, кои наместо да мислат како да се корумпираат, со државата ќе управуваат како со компанија. Во досегашните реформи за подобра бизнис клима во Македонија ни оддаделеку не се  гледа овој главен принцип на Сингапурското чудо, па затоа и не треба да не чуди што македонската економија уште долго ќе остане маче кое сонува да стане тигар

8 лекции од сингапурското економско чудо за Македонија

  • прво успешен бизнисмен, после министер 
  • ниски даноци и мала државна потрошувачка
  • државна интервенција за поголем економски раст
  • раст на извозот по секоја цена
  • отворен пазар и слободна конкуренција 
  • државна поддршка на иновациите
  • задолжување само за корисни и профитабилни проекти 
  • големи инвестиции во образвание и истражување и развој

Има многу нешта кои може да се научат од сингапурското „чудо“,посебно за тоа како се создава високо конкурентна економија заснована на знаење, и како политиката може и треба да ги обезбеди вистинските услови за раст на бизнисот.

Капитал истражува и анализира како и зошто Сингапур има толку голем економски успех, и зошто Македонија со реформите кои ги прави може уште долго само да сонува да стане економски тигар.

 Од борба против гладот до светска економска сила

Големиот град и малата држава со околу 5 милиони жители, сместена на крајот на југот на Малајскиот полуостров, со децении претставува мистериозна мешавина на раси, кулури и политички системи на кој целиот свет им се восхитува бидејќи успеаа за само пеесетина години од мочуришен остров да направат светска економска и финансиско-технолошка сила.
Патот на развојот на Сингапур го трасирал Хари Ли Кван Ју, некогашен студент на Кембриџ, а подоцна премиер на Сингапур во седум континуирани мандати (1959-1990).

Во борбата против гладта политиката ги преземала сите леви и десни политики и се водела од чист прагматизам во управувањето со државата. Сингапур уште одамна ги има отфрлено сите идеолошки мантри и политики на либералната демократија и комунизмот. Државата е прв и најголем капиталист, меѓутоа во земјата владеат со строги закони и контроли, а слободниот пазар е библија во Сингапур кој строго се почитувал уште во периодите кога се соочувале со глад и немале никаква домашна индустрија.
Малиот Сингапур денес е вистински магнет за масовни странски иинвестиции и многу странски корпорации јуришаат токму во Сингапур за да отворат производни капацитети.
На сите оние кои можеби се чудат зошто и како Сингапур кој има неполни пет милиони жители е интересен за големите странски корпорации, треба да им биде јасно дека странците тоа не го прават со цел да го продаваат тоа што го произведуваат на домашниот сингапурски пазар.
Работењето и водењето бизнис во Сингапур значи еден куп поволности, како бесплатно градежно земјиште и многу ниски даноци. Странските компании можат да го употребуваат локалниот сектор на технолошки истражувања и развој, како и комуникациската и транспортната инфраструктура, кои се меѓу најсовремените во светот.
Ниските даноци, јасните прописи, ефтина работна сила и целосното остуство на корупција го претвориле Сингапур во привлечна дестинација за странски директни инвестиции. Големиот економски успех кој Сингапур го постигна во текот на 80-те години и е поттикнат токму од странските директни инвестиции, главно во индустријата за производство на електроника насочено за извоз.

За многу светски аналитичари е многу интересен и тешко разбирлив, политичкиот модел на управување со Сингапур.  Сингапур е пример на мешана економија во која строго се почитуваат принципите на пазарната економија и слободниот пазар, но многу јасно се практикува државната интервенција во макро и микро економското управувањето со клучните економски фактори како земјата, работната сила и финасиите.
Кога долгогодишниот премиер на Сингапур во 1990 година се повлекол и извршната премиерска функција ја остапил на неговот заменик Го Чок Тонх, останал во кабинетот како неприкосновен авторитет со титула сениор министер. Она што ние го познаваме како конфликт на инетреси или непотизам го има на секој чекор во Сингапур.
Така не е ништо чудно ниту пак некој го критикува фактот што сопругата на премиерот е директорка на инвестицискиот фонд Темасек, кој контролира многу државни компании во бродоградба, воздушен сообраќај, недвижности, хотели, банки и телекомуникациски компании.
Но, и покрај сите овие апсурди за западниот човек, Сингапур има високо иновативен и успешен економски систем.

Во Сингапур не може секој да биде политичар. Пропишани се строго пропишани норми според кој министер, премиер или претседател може да биде само човек кој претходно управувал и покажал успех во управувањето со голема приватна компанија.
Така на пример, кандидатот за претседател на Сингапур мора според прописите да има барем три години искуство како министер, шеф на парламент или обвинител, и да бил директор во компанија со капитал од 100 милиони долари. Личноста која сака да се кандидира за претседател мора да добие дозвола од Изборниот комитет дека е личност со интегритет, со добар карактер и репутација.
Во 2005 година во Сингапур немало претседателски избори бидејќи никој од предложените кандидати не ги задоволил критериумите, па според законот мандатот на постојниот престедател автоматски му се продолжил за уште 6 години, со цел да не се трошат непотребно средства.
Почетната годишна министерска плата во Сингапур е околу 800.000 долари. Тоа е просек од платите на директорите во 15 најуспешни фирми во Сингапур зголемен за 10 пати, и двојно поголема од платата, на пример, на претседателот на САД.

Сингапурците се прилично задоволни од животниот стандард и од материјалната положба и се убедени дека за тоа е заслужна владата, па никој не забележува зошто министрите земаат толку високи плати, ниту пак бара политички промени.
Сингапурците се имаат свесно откажано од дел од својата слобода и права кои има припаѓаат, за сметка на сигурноста и комфорот кој им го обезбедува владата. На речиси сите досегашни избори во Сингапур само се потврдувала мнозинската власт на Партијата на народна акција и се давала можност да се освежи нејзината апсолутна власт во Парламентот.
Но, и покрај се прва и главна карактеристрика на политичарите и министите е успехот, кој истовремено е главно оружје за пораз на опозицијата. “Незгодните” противкандидати и противници на постојните политики се елиминираат со банкроти откако судот по потреба ќе пресуди милионски казни заради клевети.
Официјални јазици во Сингапур се англискиот, кинескиот, мајаскиот  и тамилскиот, а рамноправни се и сите вери и нации. Во Сингапур се толерираат и сите политички и неполитички активности, но под услов да се согласат на контрола и да не ја критикуваат владата.

SINGAPUR 01Македонија и Сингапур се далеку колку небото и земјата

Сингапур нема речиси никакви природни ресурси и потенцијали, па дури се принудени недостатокот на питка вода да го решаваат со прочистување на канализацијата. За разлика од Македонија, Сингапур нема речиси никакво земјоделие и сопствено производтсво на храна. Над 70% од сингапурскиот БДП го создаваат услугите.
Во Македонија 22% од земјата е обработлива, а учеството на земјоделието во БДП е над 10%. Но, и покрај тоа Македонија не успева ниту да ги задоволи сопствените потреби за храна, а не, пак, да извезува храна. Кога во Македонија политичарите би размислувале како оние во Сингапур Македонија би можела да биде најголем извозник на храна на Балканот.
Иако Македонија постојано се фали со ниските даноци, податоците покажуваат дека државата во Сингапур  преку такси и даноци зафаќа само 14,7% од БДП.
Интересен е фактот дека Сингапур како држава се нема задолжено за покривање на буџетски дефицит уште од 1980 година. Тоа значи дека фискалната политика е прилично умерена и свесна да не го оптеретува стопанството со високи даноци и такси, а задожувањето се прави само за инвестиции и проекти кои и носат поврат на државата.

За разлика од Сингапур, Македонија веќе 20 години од независноста, а и пред тоа, води политика на трошење повеќе отколку што и се реалните капацитети, односно отколку што создава, па затоа се задолжуваме најчесто да го покриеме тековното трошење, односно за да преживееме.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×