Лидерите на ЕУ ќе бараат решение за бегалската криза на дводневна средба во Брисел
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Денеска и утре лидерите на Европската унија на средби во Брисел ќе бараат излез од бегалската криза. Впечатокот е дека сѐ повеќе земји-членки се противат на политиката на отворени врати и на барање договор со Турција, што ја наметна германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел вчера пред Бундестагот објави дека на средбата со европските лидери ќе се реши дали договорот со Турција за запирање на приливот на мигранти треба да продолжи или да биде отфрлен, и да се создаде бариера по границите на Грција со Бугарија и со Македонија.

„Алтернатива би било да го напуштиме овој пат и да ја затвориме границата меѓу Бугарија, Грција и Македонија со сите последици до кои ќе доведе тоа за Грција и за ЕУ во целина“, изјави Меркел.

Коментарите на канцеларката доаѓаат откако на почетокот на седмицава во Прага, државите од Вишегратската четворка (Унгарија, Полска, Чешка, Словачка), ги отфлрија договорените во септември задолжителни квоти за мигранти, и предложија да се затвори границата на Грција со Бугарија и со Македонија. Планот доби поддршка од австрискиот канцелар Валтер Фајман, но претставници на ЕУ сметаат дека така Атина ќе биде исклучена од Шенген.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×