Лидерска средба ќе нема – Димитров на поединечни средби ќе информира за ситуацијата по Виена
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од ресорното Министерство.

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има, потврдиле за МИА од Владата.

Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии. Тој во Виена во петокот имаше средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас и со медијаторот Метју Нимиц.

За разговорите во Виена, денеска и утре во Атина, Коѕаис ќе ги информира лидерите на грчките политички партии.

На 27 јануари годинава во Клубот на пратениците се одржа досега единствениот координативен состанок на државно-политичкиот врв во врска со разговорите за името на кој присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×