Лидерски лекции на кои нѐ научи култниот филм Кум
Објавено на од во lifestyle

Да ли Дон Корлеоне може да нѐ научи нешто позитивно за лидерските вештини? Еве како на ова прашање одговори американскиот магазин Psychology today. 

g1

Кум, филмот за италијанската мафија, сепак, може да даде многу лидерски лекции ако внимателно ги следиме главните карактери во филмот, Дон Вито и Мајкл Корлеоне. Постојат и добри и лоши заклучоци што може да се извлечат.

Позитивни лекции

Трансакциското лидерство може да успее. Тоа подразбира работа за пари или услуга за услуга. Низ целиот филм, во сите три продолженија може да се видат примери за оваа своевидна размена. Да почнеме од најпозната реплика од Кум: „Ќе му дадам понуда што нема да може да ја одбие“, а која укажува на тоа дека секој има цена (или точка на пукање). Успешните лидери, сепак, водат сметка секоја трансакција да биде фер за сите, за да се избегнат подоцнежните непријатности.

Врските се многу важни. Сцените од овој филм се полни со претстави за релационото лидерство како еден од основните постулати на мафијата. Всушност, она што мафијата ја прави силна и постојана се семејните врски. Секако, пишуваме за ефективноста, не за етиката. Всушност, и самиот поим Кум укажува на тоа дека човек може да биде дел од семејството иако со него не е во крвна врска. Добрите лидери напорно работат на воспоставување силни врски со своите следбеници.

Успешните лидери имаат добра стратегија. Детално е претставена стратегијата на Дон Корлеоне и на неговите советници за управување со операциите, за совладување на конкуренцијата, односно, на другите мафијашки семејства и отстранување на пречките. Да се мисли однапред, да се има план-Б, да се биде флексибилен, и така натаму – сето тоа се исклучително важни елементи од ефективното работење и од лидерството.

Најдобрите лидери развиваат лидерски способности и кај другите. Голем дел од филмот е посветен на Мајкл и на неговиот развој како аутсајдер во семејниот „бизнис“, кој подоцна станува лидер како неговиот татко. Филмот го прикажува манифестирањето на „босовското“ во Мајкл, особено во сцената кога во болницата презема одговорност за да го спаси татко му од убијците. Покажано е, исто така, влијанието на Вито врз развојот на лидерските способности на Мајкл преку неговиот верен советник Том Хаген.

Негативни лекции

Карактерот е важен. И покрај фактот што Дон Вито Корлеоне е херој на филмот и ефектен лидер на успешно мафијашко семејство, тој е криминалец со низок морал и карактер. Постои разлика меѓу ефективното и доброто кај етичниот лидер, а разликата е карактерот. Луѓето водени од моралот промовираат добрина. Мафијашките акции, како што е прикажано, ги експлоатираат луѓето и оставаат крвава трага и жртви зад себе. Иако Вито има некои квалитети и финансиски успеси за восхит, тој, сепак, е само криминалец. По дефиниција тоа значи „лош“ лидер.

Моќта може да го расипе човекот. Можеби темата на Кум е најјасно опишана во делот кога Вито кој напорно работи и го почитува законот добива пари и моќ, и преку застрашувања и подоцна убиства, станува моќен патријарх на криминално семејство. Во филмот гледаме како тој го рационализира своето криминално однесување со репликите „Ова е само бизнис“ и „Власта е корумпирана“. Добрите лидери мораат напорно да работат за да му одолеат на искушението на моќта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×