Лидерски лекции од премиерот на Канада, Џастин Трудо од Давос 2016
Објавено на од во Политика
Trudeu

Џастин Трудо стана премиер на Канада минатата година на негови 43 години, и создаде еден оптимистички и отворен поглед за иднината на неговата земја. Еден од неговите први чекори беше да назначи 50% жени во неговиот кабинет од различни етнички групи. Оценките се дека тој преставува нов вид на лидерство во светот.

Во специјалното обраќање кое покри повеќе области – технологија, креативност и различност, премиерот Трудо ги сподели своите гледишта за лидерство.

„Лидерството треба да биде фокусирано на проширување на скалата на можности за секој. Во денешен контекст тоа значи обезбедување на придобивки од новите технологии кои ќе биде еднакво споделени и ќе дадат бенефит за целото општество и ќе изградат широка средна класа“

„Новите технологии се секогаш импресивни, но ние не ја сакаме технологијата само зошто е импресивна. Ние ја сакаме, ја креираме и ја поддржуваме оти таа го подобрува животот на луѓето… Технологијата треба да служи на целта за постигнување на човечки прогрес“

„Позитивното лидерство креира чесен круг, круг од доверба. Луѓето одговораат на позитивна, инклузивна визија на општеството. Резултатот на тоа е креативност што ја збогатува Канада и светот“.

„За мене се добредојдени (бегалците) кои ќе бидат новите Канаѓани и ќе бидат иднината на економијата на Канада. Различноста не е само добра политика, таа е моторот на конструктивноста“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×