„Лидл“ и „Икеа“ наскоро и во Белград
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Германскиот трговски ланец „Лидл“ и шведскиот гигант за производство на мебел „Икеа“ пристигнуваат во Белград.

Ова го најави Расим Љајиќ, Министер за внатрешна и надворешна трговија во Србија, кој објасни дека до крајот на оваа година очекува да бидат отворени објектите на „Лидл“.

„Го чекаа донесувањето на Законот за трансформација и имаа преговори со пет локални самоуправи за откуп на општинско земјиште. Досега имаат купено 12 локации, а очекувам дека до крајот на годината ќе ги имаат потребните 15“, изјави Љајиќ, потенцирајќи дека праксата на „Лидл“ е да ги отвори своите трговски објекти по откупување на миниум 15 локации.

Тој потенцира дека одлуката за влез на „Икеа“ на српскиот пазар е дефинитивна, а регионалното седиште во Белград ќе биде за пет земји од опкружувањето.

„Не можам да кажам кога точно тоа ќе се случи. Ние даваме логистика, а одлуката на шведскиот производител за влез во Србија е дефинитивна“, рече Љајиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×