Литванија: Расцепот меѓу Истокот и Западот го користи Русија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Литванија има став дека растечкиот расцеп меѓу некои источни и западни држави во Европската унија по прашања како миграцијата е закана за Унијата, особено во контекстот на руската воена агресија што се засилува, пренесе Ројтерс.

Поделеноста меѓу поранешните комунистички држави во Источна Европа и побогатите земји на Запад се засили по мигрантската криза во 2015 година и одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Политичарите националисти во Полска и во Унгарија бараат реформа што ќе им даде поголеми овластувања на државите членки за сметка на бирократите во Брисел, и се откажаа од учество во напорите за релокација на мигранти од Блискиот Исток.

„Би сакале да има поголема поврзаност“, изјави министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичус. „Јас знам кој добива. Оние што не сакаат да сме поврзани“, додаде тој и дополни дека предвид ја има Русија.

„Многу сериозно ја сфаќаме задачата да не им помагаме на оние кои сакаат да ги разделат Истокот и Западот“, вели Линкевичус. Литванија и Полска беа особено вознемирени од политиката на Русија, откако Москва го анектираше Крим во 2014 година.

Некои западни дипломати се растревожија дека Русија може да преземе контрола врз делови од балтичките држави, што имаат етничко руско малцинство, како што се случи со Крим.

Според Линкевичус добрите односи со Германија и со Франција во ЕУ имаат големо значење поради нивните способности да понудат воена помош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×