Литванија станува седиште на големите финтек компании
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Lithuanian-Fintech-mapОбидот на малата европска држава Литванија да привлече финтек компании се покажува како успешен. Во изминатите две години балтичката држава со 2,8 милиони жители започна кампања за привлекување на хај-тек стартапи кои сакаат да работат во ЕУ и еврозоната, предлагајќи услуги на англиски јазик и рок од 3 месеци за издавање на лиценца.

Меѓу големите компании кои веќе донесоа одлука за почнување на бизнис во Литванија се лондонската Revolut, како и Google Payment. Според Агенцијата за инвестиции на Литванија,вкупно 45 компании веќе добиле лиценца. Со тоа Литванија се вбројува на второ место , после Велика Британија, според бројот на финтек компании, во која 146 компании од оваа област имаа лиценци.“Желбата на Литванија да се наметне како технолошки центар ќе привлече уште повеќе странски инвестиции”, пишува во извештајот на Fitch Ratings.

Пријателската регулаторна средина, техничката инфраструктура и членството во еврозоната ќе продолжат да играат улога на катализатор”.Според стратегијата на властите на Литванија, финтек секторот годинава се очекува да се зголеми 15%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×